Огист Маке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Огист Маке
Auguste Maquet
Роден(а)13 септември 1813(1813-09-13)
Починал(а)8 јануари 1888(1888-01-08) (воз. 74 г.)
Занимањероманописец

Огист Маке (француски: Auguste Maquet; 13 септември, 1813 Париз – 8 јануари 1888) — француски писател, познат по соработката со романописецот Александар Дима, на кој му помогнал да ги напише, меѓудругото, Грофот од Монте Кристо и Тројцата мускетари.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Маке е роден во Париз, во 1813. Бил образуван во средното училиште Карло Велики каде станал професор на 18 години. Иако учел за историчар, се свртил кон книжевноста и се зближил со книжевници како Теофил Готје и Жерар де Нервал.[2]

Преку Нервал, се запознал со веќе прославениот Дима во 1838. Маке му дал драма на Дима која ја усовршил и ја објавил во успешната претстава Батилда. Заедно почнале да пишуваат историски романи, така што Маке ги создавал ликовите и заплетот, а Дима додавал детали и дијалози. По молба и препорака од издавачите името на Маке било изоставувано од главната страна на книгите, а Маке бил добро платен за возврат. Нивната соработка прекинала во 1851.

Маке самиот продолжува да пишува неколку историски романи, драми и една опера. Во 1861, станува офицер на легијата на честа. Маке умира во големо богатство. Закопан е на гробиштата Пер Лашез во Париз.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ghostwriter von Alexandre Dumas - Business And Science“ (de-DE). конс. 2016-09-23. 
  2. Corinne Bayle, Gérard de Nerval, la marche à l'étoile, Éditions Champ Vallon, 2001, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article19-20, .