Прејди на содржината

Оган (кинески елемент)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петте елементи и нивните заемодејства

Оган (кинески: , пинјин: huǒ, мак. тр.: хуо) — еден од петте елементи (вусјинг) во кинеската филозофија.

Овој елемент го носи симболот на стар јанг во двоецот јин-јанг. Неговото движење се проширува, а неговата енергија врие, зрее и воспоставува врски.[1]

Огнот е поврзан со летото, југот, планетата Марс, црвената боја (поврзана со голема среќа), топлото време, дневната светлина и митската Циноберна Птица (Џуќуе) од четирите симболи.

Во кинеската медицина оганот се поврзува со срцето, царот и сувереноста, па затоа и доблеста. Се смета дека негови особини се динамизмот, спонтаноста и просветленоста; меѓутоа, кога не е во рамнотежа, воедно е со немирот и горење вон контрола. Како елемент, оганот дава топлина, поврзаност, ентизијазам и творештво; но кога е присутен премалку или прекумерно, тој носи ладно однесување или краток фитил, киселост, омраза, нетрпеливост и импулсивност. Исто како што дава топлина, кога е прекумерно застапен, огнот води до пресушување, рамнодушност и исцрпеност. Огнот е фаза на материјата која се одликува со напредок.[2]

Органите кои ги раководи оганот се „тројниот грејач“, срцето, а со тоа и кардиоваскуларниот систем (јин), тенкото црево (јанг), јазикот и пулсот на телото. Се поврзува и со духот на шен (神).

Астрологија

[уреди | уреди извор]

Елементот игра важна улога во кинеската астрологија и фенг шуи. Огнот е еден од 10-те небесни стебла (петте елементи со нивните јин и јанг облици), кои заедно со 12-те земски гранки (зодијачките знаци) го сочинуваат 60-годишниот циклус.

Yang Fire years end in 6 (на пр. 1976). (јаншките години завршуваат со парен број.)

Годините на јин-огнот завршуваат со 7 (на пр. 1977). (јиншките години завршуваат со непарен број.)

Огнот раководи со зодијачките знаци змија и коњ.[3]

Дисциплината „летечка ѕвезда“ во фенг шуи го претставува оганот со бројот 9. Тековниот 20-годишен циклус од 2024 до 2044 г. (период 9) е раководен од оган на ѕвездата 9.

Јужниот агол ослободува енергија на оган според Книгата на промените („И чинг“) и фенг шуи. Се нарекува енергија на уништување и обновување.

Оганот и црвената боја традиционално симболизираат среќа. Ова се однесува и на љубовниот живот, па затоа традиционално невестинската носија во Кина е црвена.

Циклус на елементите

[уреди | уреди извор]

Во регенеративниот циклус на елементите, дрвото создава оган бидејќи „огнот излегува кога се тријат две дрвца“ и истиот мора да се ложи со дрва; огнот ја создава земјата бидејќи „огнот пеплосува сè, и сето повторно се враќа во земјата“.

Во циклусот на освојување (потиснување), мудроста на водата го разладува огненото срце за да не изгори со прекумерни реакции бидејќи „ништо не ја вразумува желбата како мудроста на водата.“; Огнот го скротува тежнеењето на металот да биде повлечен од животот и луѓето; кога е прекумерно присутен, огнот ја совладува способноста на металот да има облик и структура со тоа што влијае на самоправедноста. Така тој ја расипува способноста на металот да остане прав и верен.

  1. Franglen, Nora (2013). The Handbook of Five Element Practice. Jessica Kingsley Publishers. ISBN 9780857011459.
  2. 千古中医之张仲景. Lecture Room, CCTV-10.
  3. findyourfate.com