Ова е Мојата Реч

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е Мојата Реч е првиот дел од насловот на книгата Ова е Мојата Реч: Алфа и Омега. Евангелие Исусово - Христова објава која ја познаваат вистинските христијани ширум светот. (првобитно со поднаслов: „Христова објава која светот не ја познава“). Книгата е запишана 1989 година од страна на германката Габриеле од Вирцбург. Таа тврди дека текстот го добила како Христов диктат преку внатрешниот глас.

Според убедувањето на прахристијаните во верската заедница Универзален живот Ова е Мојата Реч е откровение(објава) која го содржи автентичниот живот и учењата на Исус од Назарет, а зборува и за Исусовата љубов кон животните, реинкарнацијата, законот на сеење и жнеење, минатото - сегашноста - иднината, и поради тоа повеќекратно ја надминува содржината на Библијата.

Книгата како темел зема едно старо апокрифно евангелие, „Евангелието на дванаесетмината“, познато и како „Евангелие Исусово: Што било пред две илјади години?„. После еден или повеќе стихови цитирани од апокрифното евангелие, следат зборовите: „Јас Христос, ја исправам, продлабочувам и објаснувам речта...„ и објаснение на стихот во прво лице директно од Христос во денешно време.

Книгата досега (состојба: 2008 година) е преведена на македонски, хрватски, српски, англиски, руски, француски, шпански, италијански, полски, словенечки, чешки, словачки, холандски и унгарски јазик.

Врска[уреди | уреди извор]

Ovo je Moja Riječ А i Ω - хрватски[мртва врска]