Обрабена каменоломка
| Обрабена каменоломка | |
|---|---|
| Цветови и лисја на Saxifraga marginata | |
| Детал од цветот на Saxifraga marginata | |
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каменоломковидни |
| Семејство: | Каменоломки |
| Род: | Каменоломка |
| Вид: | Обрабена каменоломка |
| Научен назив | |
| Saxifraga marginata Sternb. | |
| Синоними[1] | |
|
Список
| |
Обрабена каменоломка (науч. Saxifraga marginata) — вид цветно растение од родот каменоломка во семејството на каменоломките (Saxifragaceae), по потекло од југоисточна Европа.[1][2]
Опис и распространетост
[уреди | уреди извор]Ова е повеќегодишно тревесто растение со густи мали розети што создаваат перничеста формација. Цветните стебленца се самостојни, високи 3–9 см, со спирално распоредени листови и густи жлездести влакна на површината. Розетните ливчиња се мали, најчесто долги 3–4 мм, понекогаш до 10 мм, широки 1,5–2,5 мм, долгнавести до обратно-јајцевидно-лопатовидни, врвот обично тап, со јасен хиалински раб; во долната половина по работ имаат влакненца, одоздола средишно гребеновидно испакнати, обично со 5–7 хидатоди. Стеблените листови се линејно-копјесто-лопатовидни, црвенкасти, со жлездести влакна, на врвот зелени и голи. Цветови иа малку, 2–4, распоредени во цимозно штитовидно соцветие. Чашкините ливчиња се копјести, долги 3 мм, врвот е црвенкав, со густи жлездести влакна. Венечни ливчиња се бели или розови, понекогаш со розови жили, долги 7–10 мм, обратно-јајцевидни, кон основата клиновидни. Прашниците се долги околу 4 мм; филаментите се најчесто розови; столпчињата во врвниот дел се розови.[3]
Расте на варовнички карпи во алпски и субалпски појас.[3]
Варијабилност
[уреди | уреди извор]- Saxifraga marginata var. marginata — Венечните ливчиња се двапати подолги од ливчињата на чашката (до 8 мм). Листовите на розетата се обратно-јајцевидни, во основата клиновидни, тапи, долги 5-12 мм, широки 3-5 мм. Во Македонија не се среќава оваа варијанта.[3]
- Saxifraga marginata var. coriophylla — Венечните ливчиња се двапати подолги од ливчињата на чашката (до 8 мм). Листовите на розетата се линејно-лопатовидни, долги 4-6 мм, широки 0.8-1.5 мм. Во Македонија се среќава на Шар Планина, Бистра, Кораб, Дешат - Крчин.[3]
- Saxifraga marginata var. balcanica — Венечните ливчиња се трипати подолги од ливчињата на чашката (до 14 мм). Во Македонија се среќава единствено на клисурите на Мавровска Река и р. Радика.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Хербариумски примерок на Saxifraga marginata var. balcanica
- Хербариумски примерок на Saxifraga marginata var. coriophylla
- Хербариумски примерок на Saxifraga marginata var. coriophylla
- Детал од Saxifraga marginata
- Цвет на Saxifraga marginata
- Цвет на Saxifraga marginata
- Цвет на Saxifraga marginata
- Цветови од растението Saxifraga marginata
- Цветови од растението Saxifraga marginata
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Saxifraga marginata Sternb“. Plants of the World Online. Board of Trustees of the Royal Botanic Gardens, Kew. Посетено на 30 April 2021.
- ↑ „Kabschia Saxifrage (Saxifraga marginata)“. Plants Database. National Gardening Association. 2021. Посетено на 30 April 2021.
- 1 2 3 4 5 Мицевски, Кирил (1998). Флора на Република Македонија Том I, св. 4. Скопје: МАНУ. стр. 1084–1085.
|