Облици на листови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Табела со илустрација на поимите за морфологија на листовите
кордатен лист
елиптичен лист
делтоиден лист

Во ботаниката се користат следниве поими за опис на обликот на еден лист:

  • Акикуларен: иглест
  • Акуминатен: се зашилува во долг врв
  • Бипинатен (bipinnata): и ливчињата се пинатни
  • Бубрежен: бубреговиден
  • Венче: кружно околу дршката
  • Делтоиден: триаголен, дршката од страна
  • Дигитатен (digitata): со прстовидни лобули
  • Дланковиден (palmata): со многу лобули
  • Елиптичен (elliptica): овален, со мал или без врв
  • Копјест (hastata): заострен со бодликава основа
  • Кордатен (cordata): срцевиден, дршката во отсекот
  • Кунеарен: клинест со остра основа
  • Ланцеолатен (lanceolata): Долг, поширок по средината
  • Линеарен: Долг и многу тенок
  • Лобатен (lobata): Со неколку врва
  • Мачест (ensiformis): Долг, тесен, зашилен
  • Наизменичен (alternifolia): наизменични листчиња
  • Обкордатен: срцевиден, дршката на врвот
  • Облансеолатен (oblanceolata): Врвот поширок од основата
  • Обоватен: солзовиден, дршката на врвот
  • Овален (ovata): јајцевиден, со врв
  • Округол (rotundifolia): кружен
  • Орбикуларен: округол
  • Пелтатен (peltata): Заоблен, дршката под листот
  • Перфолијатен (perfoliata): Дршката низ листовите
  • Пинатен (pinnata): два реда листчиња
    • непарно пинатен : пинатен со завршено листче
    • парно пинатен : пинатен без завршно листче
  • Пинатисектален (pinnatifida): засечен, но не до жилата
  • Розетен: листчиња во густи престени
  • Ромбоиден (rhomboidalis): баклавивиден
  • Сагитарен: како врв од копје
  • Спатуларен (spathulata): лажицовиден
  • Спротивен (oppositifolia): со спротивни листчиња
  • Субулатен: вретенест врв, шиловиден
  • Трипинатен (tripinnata): секое ливче поделено на три
  • Трифолијатен, тернатен (trifoliata): со три листчиња
  • Унифолијатен: со само еден лист
  • Фалкатен: срповиден
  • Флабелатен: ладаловиден
  • Хастатен: како врв од копје, со остри лобули при основата