Облак Радосав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Облак Радосав - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од пејачот Марко Немањиќ.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Рано наутро, во Годоминското поле, Облак Радосав ги среќава сопругите на војводата Бијелиќ и на Павле Златокосиќ. Тие му кажуваат дека нивните мажи се затворени во Смедерево и дека господарката Јерина сака да ги погуби. Тогаш, Облак Радосав оди во Смедерево и го моли господарот Ѓураѓ да ги ослободи двајцата заробеници. Ѓураѓ му одговара дека тие веќе се однесени на губилиштето, а Облак Радосав во последен миг ги ослободува. Налутената Јерина бара да ги врати затворениците и му се заканува дека утре ќе го обеси и него. Тогаш, Облак Радосав ја убива Јерина и ги ослободува двајцата заробени војводи.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 254-256.