Обично лутиче
| Обично лутиче | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Лутиковидни |
| Семејство: | Лутичиња |
| Род: | Лутиче |
| Вид: | Обично лутиче |
| Научен назив | |
| Ranunculus sardous Crantz | |
| Синоними | |
|
Ranunculus parvulus | |
Обично лутиче (науч. Ranunculus sardous) е вид на лутиче кое потекнува од Европа и може да се најде во многу други делови од светот, вклучувајќи делови од САД и Австралија, како воведен вид и плевел покрај патиштата и тревниците.
Во Македонија расте по влажни ливади и покрај потоци, и претставува ретко растение. Познато е за Гостиварско, Гевгелиско, Охридско и Скопско.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Расте во многу видови на нарушени живеалишта, особено во влажни подрачја. Тоа е едногодишна или двегодишна билка која произведува претежно исправено, влакнесто стебло високо до половина метар. Влакнестите листови обично се поделени на три ливчиња кои се поставени на лисни дршки долги неколку сантиметри. Цветот обично има пет жолти ливчиња, секое долго до еден сантиметар и пет ребрести чашкини ливчиња. Плодот е ахен, сместен во сферични гроздови до 35.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 129, МАНУ, Скопје, 1985
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|