Обични и необични приказни
Обични и необични приказни е збирка куси раскази од македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски. Збирката е објавена во 2011 година во издание на „Темплум“, како 99 книга во рамките на едицијата „Магма“.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Збирката е печатена во мал формат (20 сантиметри), во мек повез и има 111 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-02-3. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. Автор на предната корица е Ѓорѓе Јовановиќ, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата, куса биографија на авторот и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“. Објавувањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката „Обични и необични приказни“ содржи 67 куси раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е даден попис на објавените книги од едицијата „Магма“. Во збирката се застапени следниве раскази:[1] Четириесет години, Мирисот на едно сеќавање, Редовниот посетител, Странци, Ништо чудно, Желба, Сценарио, Како и секогаш, Еден од оние разговори, Погреб, Великодушност, Животот на Фросина, Годишен одмор, Досада, Америка, Се чувствуваше убаво тој ден, Нешто убаво, Животот продолжува, Телефонот ѕвони, Одлука, Приказна со несреќен крај, Клише, Почит, Современа бајка, Патека, Момент, Погрешно место погрешно време, Последната битка, Роман, Несоница, Судниот ден, Македонски рулет, Завера, Свадба, Таинствениот јавувач, На Ана Алексовска, Зад завесата, Лет, Филм, Гости, Пејачи со гумени ракавици, Вест, Воз, Црната коњаница, Тајните на морските длабочини, Предзнак, Сообраќајна несреќа, Зимска случка, Двојник, Крајот на една приказна, Сеништа, Игра, Сон, Апетити, Знаци, 101110010011010, Случајна поврзаност, Чудовишта, Градот на куклите, Давеник, Суеверие, Туристи, Над градот, Многу расказ, Стрелки, Расипаниот часовник, и Повик.