Обична гушавица
| Обична гушавица | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Семејство: | Каранфили |
| Род: | Плускавец |
| Вид: | Обична гушавица |
| Научен назив | |
| Silene baccifera Roth, 1788 | |
| Синоними | |
|
Oberna behen (L.) Ikonn. | |

Обична гушавица (науч. Silene baccifera) е растителен вид од родот плускавец од семејството каранфили. Потекнува од Европа, но е широко распространет и во умерените региони на Азија и Северна Африка.
Опис
[уреди | уреди извор]Повеќегодишно растение, силно разгрането, високо 60-120 см, со куси и долги влакна. Стеблото е тенко, вертикално, или се искачува по други растенија и не е лепливо. Листовите се широко ланцетни, со куси дршки, со куси груби влакна, рапави. Цветовите се групирани во разгранети дихазиуми од мал број на цветови, и со листовидни брактеи. Чашката е ѕвонесто подуена, со нејасни жили. Венечните ливчиња се зеленикаво бели, јазиковидни, длабоко насечени. Прашниците се 10.[1]
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија расте по влажни места, покрај реки, оризишта, канали, огради, грмушки и други станишта. Видот е познат за околината на СКопје, Таорска Клисура, Кочани, Оризари, Крива Паланка, а се посочува за Беласица, виден во 1921 година, и Банско во 1943 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I, св. 2. Скопје: МАНУ. стр. 347.
| ||||||||||