Прејди на содржината

Обичен повит

Од Википедија — слободната енциклопедија

Обичен повит (науч. Clematis vitalba) — припаѓа на семејството лутилиња, Ranunculaceae. Природното живеалиште им е Европа, Кавказ и Северна Африка. Цвета од јули до август.

Цваст со хермафродитни цветови.

Лијана која се извиткува и искачува по други растенија и достигнува должина до 30 метри. Стеблото е дрвенесто. Коренот, за разлика од дрвото, е добро развиен и не лежи длабоко во земјата. Листовите се состојат од 5 ливчиња, цели или не, долги до 10 см и без влакненца. Тие се прикачени на друго растение со помош на сталони.[1] Плодот е орешница со едно семе. Опрашувањето се врши со инсекти и расејување со помош на ветер.

Размножување

[уреди | уреди извор]

Се размножуваат со 'ртење семе или вегетативно, делови од растението, коренот или стеблото. Ова растение има широка еколошка валентност, многу е толерантно за екстремни климатски услови.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Листопадни шуми, особено дабови и букови дрвја, со висока содржина на хумус и каде што pH е неутрална. Тоа е коров, го запира одронот со силен коренов систем.

Во Македонија расте покрај реките и шумите. Широко распространето е како растение, кое се искачува и по планините.[2]

  1. ↑ Шилић, Чедомил (1983). Атлас дрвећа и грмља. Свјетлост Сарајево. ISBN 86-01-02454-4.
  2. ↑ Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 113, МАНУ, Скопје, 1985