Обесете ги високо (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Обесете ги високо“ (англиски: Hang 'Em High) — американски филм од 1968 година, во режија на Тед Пост. Главните улоги ги толкуваат: Клинт Иствуд, Ингер Стивенс и Ед Бегли.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Една банда од девет луѓе неправедно го обвинува Џед Купер (го игра Иствуд) за убиство и за кражба на стока. Тие го бесат на дрво и го оставаат да умре во маки. Но, Џед Купер успева да преживее, почнува да работи како шериф и тргнува во потрага по луѓето кои го обесиле со цел да ги изведе пред лицето на правдата...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]