Обедничица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обедничица
Викиекспедиција Железник 270.jpg
Реката во селото Обедник
Местоположба
ДржаваМакедонија Македонија
ОпштинаГрб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
СелаСмилево, Обедник, Граиште
Физички особености
Извор 
 • местоБигла, Орман
 • надм. вис.1.460 м.
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°14′11″N 21°12′55″E / 41.23639° СГШ; 21.21528° ИГД / 41.23639; 21.21528Координати: 41°14′11″N 21°12′55″E / 41.23639° СГШ; 21.21528° ИГД / 41.23639; 21.21528
 • надморска височина
624 м.
Должина19 км
Големина на сливот87 км2
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Притоки 
 • левиДлабок Дол и Сува Река
 • десниСуводолска Река

Обедничица, позната и како Стара Рекарека во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река.

Течение[уреди | уреди извор]

Уреденото корито на реката во селото Обедник

Течението на реката е меѓу планините Бигла и Орман, а неа ја образуваат реките Смилевска (со должина од 4,4 км) и Стара Смилевска (со должина од 3,8 км), кои извираат на надморска височина од околу 1.460 м. Водите на овие реки се влеваат една во друга под селото Смилево, со што реката понатаму продолжува да тече како Обедничица. По своето течение, таа поминува низ селата Обедник и Граиште. Нејзини леви притоки се Длабок Дол и Сува Река, а десна притока е Суводолска Река (со должина од 7,6 км). Во Црна Река се влева од нејзината десна страна, на надморска височина од 624 м.[1]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Обедничица е долга 19 км, а вкупната површина на речниот слив изнесува 87 км2 Надморската височина на почетокот на течението е околу 1.460 м, додека при вливот во Црна Река е 624 м, со што релативниот пад изнесува 37,7‰.[1]

Во рамничарскиот дел од течението на реката има алувијални почви кои се со длабок физиолошки активен слој, поволен механички состав, водно-воздушен режим и релативно поволни хемиски својства.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 51. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Природни ресурси“, Општина Демир Хисар, стр. 2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]