Обединети патриоти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обединети патриоти
Обединени патриоти
ВодачКрасимир Каракачанов
Валери Симеонов
Волен Сидеров
Гесло„Бугарија над сè!“
Основана28 јули 2016 (2016-07-28)
ШтабСофија
ВесникАтака
Бугарија
Десант
МладинаНМО Атака
НМК ВМРО
НФСБ Младинци
ИдеологијаНационализам
Конзерватизам
Национален конзерватизам
Евроскептицизам
Антиглобализам
Антиимиграција
Европски парламентЕвропски конзервативци и реформисти
Боибело, зелена, црвено
Народно собрание
27 / 240
Европски парламент
1 / 17
Мрежно место
nfsb.bg
vmro.bg
ataka.bg
Политика на Бугарија
Политички партии
Избори

Обединети патриоти (бугарски: Обединени патриоти) е националистичка коалиција во Бугарија на политичките партии ВМРО - Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Национален фронт за спасење на Бугарија (НФСБ) и Атака.

Историја[уреди | уреди извор]

Коалицијата е формирана со договорот за заедничка кандидатура на трите партии за претседателските избори во 2016 година. На 28 јули 2016 година иницијативен комитет на организациите сака Красимир Каракачанов од ВМРО-БНД за кандидат за претседател, а за негов потпретседател е предложен Јавор Нотев од Атака.[1][2][3] Двојката добива поддршката на Патриотскиот фронт (НФСБ и ВМРО) и Атака.[4][5] На 30 септември 2016 година тие се регистрираат во ЦИК (Централна изборна комисија) како "Обединети патриоти - НФСБ, Атака и ВМРО".[6] Во 43 бугарски парламент коалицијата има вкупно 33 места - ВМРО-БНД (8), НФСБ (9), Атака (11), Народен сојуз (5).

На 4 мај 2017 г. Красимир Каракачанов е избран за министер за одбраната на Бугарија.

Политички позиции[уреди | уреди извор]

Главните приоритети на коалицијата са: социјално пазарно стопанство, справување со имигрантската инвазија, независност на надворешната политика, борба против монополите, безбедност, производство, едукација и духовност.

Официјален состав[уреди | уреди извор]

"Обединети патриоти" добива поддршка од следниве партии и организации:

  • Националното движење "БГ патриот"[7], со лидер Петар Харалампиев
  • Национално здружение на резервизткото војнство "За честа на паго", со лидер о.з. ген.-лейт. Петар Илиев

Избори[уреди | уреди извор]

Претседателски 2016[уреди | уреди извор]

Првото учество на коалицијата на избори е на претседателските избори во 2016 година. Красимир Каракачанов заработува 573 016 гласа или 14,97%, како се рангира на третото место.[8]

година
избори
гласа
%
резултат
2016
Претседател
573 016
14.97
Трето место во првиот круг

Парламентарни 2017[уреди | уреди извор]

година
избори
гласа
%
резултат
2017
Парламент
318 513
9.07
27 / 240


Наводи[уреди | уреди извор]