Обединета Македонска Дијаспора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Обединета Македонска Дијаспора
United Macedonian Diaspora
U-m-d-logo.png
ОсновачиМетодија Колоски
(прв претседател)
ТипЧовекови права, политичка, културна
Основана2004
Седиште1101 Pennsylvania Ave NW
Washington, DC 20004
United States
КадарПретседател
Управен одбор, Централен комитет
Опслужувано подрачје САД
 Канада
Австралија Австралија
 Обединето Кралство
 Белгија
 Германија
 Франција
 Австрија
 Украина
 Русија
ЗадршкаДа го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза
ЧленовиН/П
Мото„Обединети можеме!“
United, We Can!
Мреж. местоumdiaspora.org

Обединета Македонска Дијаспора или ОМД (англ. United Macedonian Diaspora, UMD) е меѓународна организација основана во 2004 со седиште во Вашингтон, САД чија главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот. ОМД има претставништва македонски заедници ширум светот, во Брисел, Канбера, Лондон, Мелбурн, Њујорк, Париз, Штутгарт, Сиднеј и Торонто. ОМД е непрофитна организација, даночно ослободена по законот 501(c)(3).

Цели[уреди | уреди извор]

Обединетата Македонска дијаспора изјавува дека нејзината главна цел е „да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза“.[1] ОМД ја застапува Македонија и Македонците низ светот. Организацијата ја промовира Македонија, го претставува и запазува историското, духовно и културно богатство на Македонија и Македонците. ОМД ги постигнува овие цели со застапништво, добротворна работа и разни образовни програми.

Управен одбор[уреди | уреди извор]

Тековниот состав на Управниот одбор на ОМД е следниов:

  • Методија Колоски, претседател
  • Александар Митрески, заменик-претседател
  • Мајкл Сарафин, секретар
  • Денис Маневски, благајник
  • Ордан Андреевски, директор на огранокот во Австралија
  • Џим Дајкос, директор на огранокот во Канада
  • Бобан Јовановски
  • Стојан Николов
  • Алекдандра Трпковска
  • Игор Звездаковски

Издавачка дејност[уреди | уреди извор]

ОМД го издава списанието UMD Voice четири пати годишно. Списанието ги информира членовите тековните настани во врска со Македонија и Македонците како и збиднувањата во организација и иницијатива на ОМД. Најновиот број на списанието можете да го добиете бесплатно тука. Уредник на UMD Voice е Марк Бранов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Обединета Македонска Дијаспора - Мисија и службеници“. конс. 4 јуни 2008.  (англиски)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]