Прејди на содржината

Оахе (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оахе (езеро)
Зафатнина29.0 km3[1] км3

Оахе (/oʊˈwɑː.hiː/) — големо вештачко езеро зад браната Оахе на реката Мисури; започнува во централна Јужна Дакота и продолжува северно во Северна Дакота во Соединетите Американски Држави. Езерото има површина од 1,500 km² и максимална длабочина од 62 m. Според волумен, тоа е четвртиот по големина резервоар во САД. Езерото Оахе има должина од приближно 372 км и крајбрежна линија од 3,620 км. Долж езерото Оахе се наоѓаат 51 рекреативна област, а резервоарот го посетуваат околу 1,5 милиони луѓе секоја година. Езерото го добило името по Индиската мисија Оахе од 1874 година.

Езерото Оахе започнува веднаш северно од Пјер, Јужна Дакота, и се протега скоро до Бизмарк, Северна Дакота. Градот Мобриџ, Јужна Дакота, се наоѓа на источниот брег во централниот дел на езерото. Мостови преку езерото Оахе вклучуваат автопатот САД 212 западно од Гетисбург, Јужна Дакота, и автопатот САД 12 кај Мобриџ. Поранешниот град Форест Сити е поплавен под езерото Оахе. Во областа се истражувани праисториски археолошки локалитети, вклучувајќи го и селото Молстад близу Мобриџ. Тоа датира од период пред појавата на народите Арикара, Хидаца и Мандан како посебни народи, и било назначено како национално историско обележје.

Рекреација

[уреди | уреди извор]

Видови на риби во резевоарот вклучуваат Sander vitreus, Esox lucius, Ictalurus punctatus, Micropterus dolomieu, Oncorhynchus tshawytscha, кои се наоѓаат природно на северозападниот пацифик се одржуваат вештачки во езерото Оахе. Поради тоа и е популарна цел за риболовците. Езерото исто така поддржува популации на загрозениот Scaphirhynchus albus.

Постојат 50 јавни рекреативни подрачја кои овозможуваат пристап до езерото Оахе. Многу од овие подрачја нудат пристаништа за чамци, марини, кампови, места за пикник и пешачки патеки, како и пристап до можности за лов и риболов. Некои од овие рекреативни подрачја вклучуваат:

  • Рекреативна зона „Кау Крик“
  • Рекреативна зона Окобоџо Поинт
  • Рекреативна зона Вест Витлок
  • Рекреативна зона Индијан Крик
  • Рекреативна зона на заливот Ревхајм
  • Рекреативна зона Вест Полок
  • Рекреативна зона Бивер Крик
  • Рекреативна зона Хејзелтон

Индиски резервати и културни ресурси

[уреди | уреди извор]

Индиските резервати Чејен Ривер и Стендинг Рок Сиук зафаќаат голем дел од западниот брег на езерото Оахе. Две можни гробни места на Ситинг Бул, лидерот на Сиук, се наоѓаат долж езерото Оахе. Едното е близу Форт Јејтс, Северна Дакота, а другото е близу Мобриџ.

Крајбрежјето и јавните простори околу Езерото Оахе содржат голем број артефакти и културни богатства кои имаат особено значење за многу домородни американски племиња што традиционално живееле или патувале низ сливот на реката Мисури и регионот на Езерото Оахе.

Собирањето, преместувањето или оштетувањето на артефакти, фосили или други предмети е строго забрането.

Инженерскиот корпус на армијата на САД, во соработка со други федерални и племенски органи за спроведување на законот, строго го контролира и санкционира неовластеното собирање, уништување или оштетување на културно и историски значајни локалитети и предмети, согласно со Законот за антиквитети, Законот за национално историско зачувување, Законот за заштита на археолошки ресурси од 1979 година и Законот за заштита и репатријација на домородни американски гробови.

Прекршителите можат да се соочат со високи парични казни и затворски казни на федерално ниво.

Присилно преселување на Индијанците за време на изградбата

[уреди | уреди извор]

Во 1960-тите, Инженерскиот корпус на армијата и Бирото за рекултивација изградија пет големи брани на реката Мисури и ја спровеле програмата Пик-Слоун за сливот на Мисури, принудувајќи ги Индијанците да се преселат од поплавените подрачја. Над 200.000 хектари во резерватот Стендинг Рок и резерватот Чејен во Јужна Дакота биле поплавени само од браната Оахе. Од 2015 година, сиромаштијата останува проблем за раселеното население во Дакотите, кои сè уште бараат надомест за загубата на градовите потопени под езерото Оахе и загубата на нивните традиционални начини на живот.

Пристапниот гасовод на Дакота

[уреди | уреди извор]

Езерото Оахе станалол точка на спор во протестите за блокирање на гасоводот Дакота Аксес. Проектот за изградба бил контроверзен поради неговото влијание врз животната средина, а неколку индијански племиња во Дакотите и Ајова се спротивставија на проектот. Меѓу нив се неколку народи Сијукси и Мескваки. Во 2016 година, група од резерватот Сијукс Стендинг Рок поднеле петиција до Инженерскиот корпус на американската армија и тужба за забрана за запирање на проектот.

На 4 декември 2016 година, Инженерскиот корпус на американската армија го негирале сервитутот што „ќе му дозволи на гасоводот Дакота Аксес да помине под езерото Оахе“, а Џо-Елен Дарси, помошничка секретарка на армијата на Соединетите Американски Држави, „рече дека ја засновала својата одлука на потребата од истражување на алтернативни рути за премин на гасоводот Дакота Аксес“. Дарси изјавила дека „разгледувањето на алтернативните рути најдобро би се постигнало преку Изјава за влијанието врз животната средина со целосен јавен придонес и анализа“.

Тогашниот претседател Доналд Трамп набргу потоа издал „меморандум и извршна наредба со која се бара од Инженерскиот корпус на американската армија да го забрза разгледувањето на барањето на компанијата за сервитут за започнување на изградбата“. Инженерскиот корпус на американската армија последователно „го повлекол својот повик за студијата за животната средина“.

На 7 февруари 2017 година, Инженерскиот корпус на американската армија одобрил сервитут преку езерото Оахе. На 9 февруари 2017 година, Сијукси од реката Чејен поднеле прв правен оспор на сервитутот, повикувајќи се на договор од 1851 година и мешање во религиозните практики на племето.

Во 2021 година, Апелациониот суд на САД за округот на Вашингтон застана на страната на племето Стендинг Рок Сијукси и другите племиња дека требало да има темелна еколошка ревизија (имало само прелиминарна ревизија во 2015 година) за делницата од гасоводот од 2 милји под езерото Оахе. Во февруари 2022 година, Врховниот суд на САД се согласил со оваа одлука. Изградбата на гасоводот останува замрзната.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Gavins Point Dam & Power Plant“. United States Army Corps of Engineers. Архивирано од изворникот на 2011-06-01. Посетено на 2010-04-26.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]