ОУ „Страшо Пинџур“ - Соколарци
Страшо Пинџур | |
|---|---|
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Чешиново-Облешево |
| Наречено по: | Страшо Пинџур |
| Нас. место: | Соколарци |
| Адреса: | ул. „Маршал Тито“, бр. 4, с. Соколарци |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1952 |
| Директор: | Ленче Јакимова |
| Број на ученици: | 191 (2024/25) |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | strashopindjur.wixsite.com/sokolarci/ |
| Е-пошта | strashopindjur@gmail.com |
| Телефон | 033/355-139 |
| Факс | 033/355-139 |
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Соколарци; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во кочанското село Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Страшо Пинџур.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа во селото Соколарци.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето било изградено во 1952 година.[2]
Услови
[уреди | уреди извор]Училиштето располага со 7 училници, 1 фискултурна сала, како и спортски терен за реализирање на наставата по физичко и здравствено образование. Затоплувањето на училиштето е со парно на дрва.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. Покрај учениците од Соколарци, во училиштето учат и деца од селата Жиганци и Ново Селани.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Жиганци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик (во мирување);
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Спанчево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Уларци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Страшо Пинџур“ - Чешиново, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на училиштето
- Спортското игралиште
- Поглед на училиштето
- Влезот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-22.
- ↑ „Годишна програма за 2024/25“ (PDF). Општина Чешиново-Облешево. јули 2024. Посетено на 26 декември 2024.

