ОУ „Страшо Пинџур“ - Вевчани

Координати: 41°14′14″N 20°35′29″E / 41.23722° СГШ; 20.59139° ИГД / 41.23722; 20.59139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Страшо Пинџур

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Вевчани
Наречено по: Страшо Пинџур
Нас. место: Вевчани
Адреса: с. Вевчани
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 241 (2014 г.)[1]
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта oustrasopindzur@ymail.com

Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Вевчани; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во селото Вевчани. Училиштето се наоѓа надвор од селото, на патот кон соседното село Октиси.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.

Историја[уреди | уреди извор]

Официјално, првото основно училиште во селото Вевчани било отворено во 1835 година.[2]

Вевчанци во 1834 година се избориле за дозвола од турските власти за изградбата на црква и отворање црковно училиште. Работело во ајатите на Долна црква. Првите учители требало децата да ги учат на грчки јазик, но ја користеле само грчката азбука, а со децата работеле на македонски народен јазик. Биле плаќани во натура од самото население, најчесто со жито.

Во 1868 година била изградена училишна зграда во дворот на Горна црква, која се состоела од две поголеми училници и една канцеларија.

Наставниот јазик во училиштето се менувал многупати, па така се предавало на грчки, на бугарски, на српски, и на крај на македонски наставен јазик.

Во периодот 1890-1899 година, во Вевчани работело женското училиште „Надежда“.

Во 1931 година била изградена нова училишна зграда, во која денес се наоѓа Здравствениот дом. Истата за време на Втората светска војна била опустошена и онеспособена да ја обавува својата функција.

Од октомври 1944 година наставата се изведува на македонски јазик.

Во февруари 1945 година го добива името на народниот херој, Страшо Пинџур.

Во периодот 1947-1948 година, вевчанци со свои средства и доброволна работна рака повторно изградиле училишна зграда за своите деца.

Во учебната 2013/14 година било пуштено во употреба новото училиште, сместено на патот кон соседното село Октиси, која конечно ја заменило старата и дотраена повоена градба изградена од вевчанци.[3]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Основното училиште ги има освоено следниве награди:

  • во учебната година 1957/58 како едно од петте експериментални училишта во Македонија за реформирана настава ја добило првата републичка награда;
  • во учебната година 1985/86 ја добило општинската Осмоноемвриска награда; и
  • во учебната година 1992/93 било прогласено за најдобро основно училиште во Македонија, од страна на Синдикатот на просветните работници, а по предлог на Педагошкиот завод на Македонија.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бројот на првачиња во Вевчани двојно зголемен – NetPress“. Посетено на 2018-12-16.
  2. „Општина Вевчани“. www.vevcani.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2017-12-29. Посетено на 2018-12-16.
  3. „Нова училишна заграда за Основното општинско училиште ООУ "Страшо Пинџур" Вевчани“. Општина Вевчани. Архивирано од изворникот на 2017-06-14. Посетено на 16 декември 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°14′14″N 20°35′29″E / 41.23722° СГШ; 20.59139° ИГД / 41.23722; 20.59139