ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мустафа Кемал Ататурк

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Пласница
Наречено по: Мустафа Кемал Ататурк
Нас. место: Пласница
Адреса: с. Пласница
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: турски
Контактни информации
Е-пошта mustafakemal.ataturk@yahoo.com
Телефон (045) 287-711

Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (официјално: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“; во минатото: ОУ „Стив Наумов“) — централно основно училиште во селото Пласница. Училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селото Пласница и селото Преглово.

Денес, училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Стив Наумов.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Објектот на училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селата Пласница и Преглово.

Настава[уреди | уреди извор]

Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.

Градба[уреди | уреди извор]

Училиштето било целосно обновено во 2014 година со околу 300.000 евра помош од страна на турската владина агенција ТИКА.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Невработеноста најголема закана за Пласница“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2020-10-15.

Координати: 41°28′05.29″N 21°07′04.81″E / 41.4681361° СГШ; 21.1180028° ИГД / 41.4681361; 21.1180028