ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Кочани
Свети Кирил и Методиј | |
|---|---|
Влезот на училишната зграда | |
| Место | |
| Општина: | Општина Кочани |
| Наречено по: | Свети Кирил и Методиј |
| Нас. место: | Кочани |
| Адреса: | ул. „Глигор Апостолов-Гочо“, бр. 33 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1974 |
| Директор: | Даниел Кралев |
| Број на ученици: | 969 (2020/21) |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Е-пошта | sv.kirilimetodijkm@yahoo.com |
| Телефон | 033/272-711 |
| Факс | 033/272-711 |
Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Кочани; скратено: ООУ „Свети Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.[1]
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Во склоп на матичното училиште работат и две подрачни училишта во Горни Подлог и во Бели.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Училишната зграда била изградена во 1970 година, чиј архитект бил Радомир Лаловиќ.[3] Според изворите на самото училиште и Општина Кочани, зградата била изградена во 1974 година.[2][4]
Училишната зграда првично била наменета за ОУ „Моша Пијаде“.[5][6] Во 1983 година, „Моша Пијаде“ се преселило во зградата.[7]
Со препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град, била донесена одлука за создавање на ново посебно училиште (ОУ „Кирил и Методиј“) од постојното „Моша Пијаде”.[7] Училиштето било основано од страна на Општина Кочани, и установата била верифицирана со Решението 13 – 6487 од 20 декември 1985 година, од страна на Секретаријат за општествени дејности на ИС на СО Кочани.[4]
Според интегралната евалуација направена во ноември 2019 година, училиштето имало 969 ученици од кои 483 биле машки, а 486 биле женски. 63 лица биле наставници.[8]
Во периодот помеѓу годините 2020 до 2022 година, училиштето имало 36 паралелки.[4]
Досегашни директори
[уреди | уреди извор]- Даниел Кралев[9]
Особености
[уреди | уреди извор]Внатрешната површина на училиштето е 3.740 м2. Дворот зафаќа 3.145 м2. Спортските терени и игралишта зафаќаат 800 м2.[4]
Архитектура на училишната зграда
[уреди | уреди извор]Обликувањето на градбата е образувано павилјонски, со така наречени гроздови со интегрирани празници – пација, кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Како расчленети функции, но со исто формално обликување се јавуваат училниците за 7-10 години, училниците за 11-14 години, техничките училници над аулата на кат и спортската сала.[3]
Конструкцијата и фасадната обработка е од изложен (натур) армиран бетон, со керамидна покривна покривка која му дава посмирена однос и пристап со околината. Првичната зелена дрвена браварија е заменета со бели ПВЦ прозорци.[3]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Бели, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Горни Подлог, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Споменик на Светите Кирил и Методиј
- Поглед од запад
- Дворот
- Југоисточното крило
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-09.
- 1 2 „Нашето училиште“. ОУ „Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот 2018-11-12. Посетено на 28 септември 2023.
- 1 2 3 Мартин Ефремовски (30 август 2018). „ОУ "Кирил и Методиј" Кочани / Лаловиќ“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2018-12-03. Посетено на 28 септември 2023.
- 1 2 3 4 „Извештај од спроведена самоевалуација во ОУ„Св.Кирил и Методиј"-Кочани за периодот 2020-2022година“ (PDF). Општина Кочани. август 2022. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-09-27. Посетено на 28 септември 2023.
- ↑ „Радомир Лаловиќ – добитник на престижната "Андреја Дамјанов"“. vecer.mk. 9 октомври 2007. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Радомир Лаловиќ (1933-2014)“ (216). Порта3. јануари 2014: 55. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023. Наводот journal бара
|journal=(help) - 1 2 „Историјат“. ОУ „Никола Карев“. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Интегрална евалуација: ООУ„Св. Кирил и Методиј"- Кочани“ (PDF). Штип: Државен просветен инспекторат. 13 февруари 2020. стр. 1. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-01-26. Посетено на 28 септември 2023.
- ↑ „Директор“. ОУ „Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот 2018-11-12. Посетено на 28 септември 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Кочани на Ризницата ?- Поранешно службено мрежно места на ОУ „Кирил и Методиј“
| ||||||||||||||||||||||||||||||||

