ОУ „Рајко Жинзифов“ - Долно Оризари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рајко Жинзифов

Место
Општина: Велес
Нас. место: Горно Оризари
Адреса: Горно Оризари
Местоположба
Основни информации
Директор: Тања Николова
Настава на: босански, босанско -македонски јазик
Контактни информации
Мреж. место https://rajkozinzifovveles.edu.mk

ООУ„Рајко Жинзифов“основно училиште во Горно Оризари, Општина Велес.[1].

Училиштето започнува  со работа непосредно по ослободувањето, односно од  1945/46 година, како неполно основно училиште од  I– IV одделение и го добива името на првоборецот Благој Кирков роден во Велес. Со понатамошниот развој училиштето прераснува во петолетка, па во шестолетка и така опстојува сè до 1972 година.Истата година општинското собрание донесува Одлука училиштето да прерасне во осмолетка  ПОУ ,,Рајко Жинзифов,, за подоцна да го добие денешното име  ООУ ,,Рајко Жинзифов“.

Воспитно-образовната дејност  при  ООУ,,Рајко Жинзифов“ Г.Оризари - Велес  е организирана за учениците од  I– IX одделение. Наставно-воспитната работа се организира во два училишни објекта и тоа во населбите во Превалец и Горно Оризари. Наставата од I–V одделение во населбата Превалец  се изведува  на македонски наставен јазик, а  во Горно Оризари на босански  наставен јазик од I–V одделение. Од второто полугодие на учебната 2015/2016 година воспитно-образовната дејност се реализира само во училишниот објект во Горно Оризари поради одвојувањето на училишниот објект од населба Превалец и негово приклучување кон ООУ„Васил Главинов“ Велес.

Мисија и визија на училиштето[уреди | уреди извор]

  • Мисија на училиштето – Со негување на разноликоста и еднаквоста кон поголеми успеси.
    1. Разноликоста – предуслов за поголеми успеси;
    2. Со преточување на разликите , преку заедничко креативно творење до саканата  цел;
    3. Со почитување на поединечниот потенцијал до нови заеднички успеси;
    4. Со проучување на разликите- да го поттикнеме единството;
  • Визија на училиштето – Знаењето не подготвува за иднината.
    1. Преку отворена соработка и комуникација до поголеми успеси;
    2. Успешно училиште – здрав темел за среќна иднина;
    3. Почитувајте ја вредноста на знаењето;

Настава[уреди | уреди извор]

Организација на задолжителната настава Наставата во нашето училиште се реализира во една смена започнува во 8.00 часот а завршува во 13.30 часот. Како прв странски јазик се изучува англискиот јазик а како втор германскиот кој истиот е проект во одделенската настава назначен какоː Рано изучување на Германскиот јазик. Задолжителната настава претставува темел за надградба во идното образование. Во текот на наставата се посветува потребното внимание на сите категории ученици: просечните ученици, надарените и талентираните и учениците со посебни образовни потреби. За успешна реализација на наставата во наставниот процес активно се вклучени сите вработени од училиштето, учениците и нивните родители. Во наставниот процес учениците се стекнуваат со знаења, вештини, умеења, формираат систем на ставови и вредности и ги развиваат своите поединечни способности. Наставата на босански јазик во моментов ја следат 170 ученици во 9 паралелки со 20 наставници.

Проекти кои се реализираат во училиштето[уреди | уреди извор]

  • проектː Еко училиште и Еко пакет
  • проектː Македонија без отпад
  • проектː Заедничка грижа за правилно насочување на учениците
  • проектː Рано изучување на Германскиот јазик
  • проектː Со читање до водство
  • проектː Професионален и кариерен развој на наставниот кадар
  • проектː Вештини во адолесценција
  • проектː Проект за Антикорупција

Освоени награди[уреди | уреди извор]

1979 година Климентово слово

1981 година Статуетка Курир Јовица

2009 година Central European Land Art Contest

2009 година Зелено знаме

2010 година Интернационален конкурс ,,Баба Марта“ Париз

2011 година World Awareness Children's Museum - Glens Falls, New York

2011 година Spareworld

2011 година Зелено знаме

2013 година Мегународен конкурс за компјутерски цртеж

2013 година Меѓународен конкурс за креативна топка Жогарија

2018 година Зелено знаме

2016 година Училиштето е добитник на второ место во државата за најчисто и најбезбедно училиште.

2020 година првопласирани се најмладите екологисти од ООУ „Рајко Жинзифов” на ниво на општина Велес.

Учество на ученички натпревари[уреди | уреди извор]

Натпревари по техничко образование[уреди | уреди извор]

„Олимпијада на млади техничари и природници“ - Велес (2004)
  • Семир Алимов - електроника - 1 место на регионално ниво, и учество во Кавадарци со освоена пофалница на државно ниво.
„Олимпијада на млади техничари и природници“ - Велес (2006)
  • Хасановиќ Елмедин - 1 награда – ракетно моделарство
  • Ајдарпашиќ Русмир - 2 награда - градежништо и архитектура
  • Темелков Александар – 3 награда - сообраќајно моделарство
  • Билаловиќ Енедин – 3 награда - бродо моделарство
„Олимпијада на млади техничари и природници“ - Велес (2008)
  • Ермин Дациќ – 2 место – воздухопловно моделарство
  • Латифа Дациќ- 2 место - Електроника
  • Семин Цамовиќ- 3 место - бродо моделарство
„Олимпијада на млади техничари и природници“ - Велес (2009)
  • Алмедин Тариќ - 1 место - електроника
  • Ермин Дациќ - 1 место - воздухопловно моделарство, учество и освоена пофалница на државна смотра на млади техничари во ООУ „Блаже Конески“ - Велес
„Олимпијада на млади техничари и природници“ - Велес (2010)
  • Бениса Карталовиќ - 2 место - Електроника
  • Белмин Шаховиќ - 2 место- Бродо моделарство
  • Аднан Хасановиќ - 2 место - Ракетно моделарство
  • Елмин Каришик - 3 место - Градежништво и архитектура
„Олимпијада на млади техничари и природници“ - Велес (2011)
  • 2 место – архитектура и гардежништво
  • 1 место – воздухопловно моделарство
  • 1 место - електроника, и земаа учество на државен натпревар во Куманово
  • 2 место- ракетно моделарство
  • 3 место – бродо-моделарство
„Олимпијада на млади техничари и природници“ - Куманово (2011)

1 награда 1 ученик

2 награда 1 ученик

„Детски семафор“ - Велес (2011)

1 награда 2 ученика

3 награда 1 ученик

2-то место екипно

Директори во ова училиште[уреди | уреди извор]

Опременост[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]