ОУ „Пецо Даскалот“ - Долнени
Изглед
Пецо Даскалот | |
|---|---|
Поглед на централното основно училиште „Пецо Даскалот“ | |
| Место | |
| Општина: | Општина Долнени |
| Наречено по: | Пецо Даскалот |
| Нас. место: | Долнени |
| Адреса: | с. Долнени |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Број на ученици: | 76 |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Пецо Даскалот“ (официјално: Општинско основно училиште „Пецо Даскалот“ - Долнени; скратено: ООУ „Пецо Даскалот“) — централно основно училиште во прилепското село Долнени, Општина Долнени.[1][2]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Пецо Даскалот.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на поштата.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во склоп на училиштето влегуваат следните подрачни училишта:
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Вранче;
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Сенокос;
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Браилово;
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Бело Поле; и
- ПУ „Пецо Даскалот“ - Заполжани.
Од нив, единствено во подрачното училиште во Вранче се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-07.
- 1 2 3 „Образование“. македонски: Општина Долнени. Посетено на 3 февруари 2020.

