ОУ „Пере Тошев“ - Десово
Изглед
За други значења на поимот, погл. ОУ „Пере Тошев“.
Пере Тошев | |
|---|---|
Поглед на централното основно училиште „Пере Тошев“ | |
| Место | |
| Општина: | Општина Долнени |
| Наречено по: | Пере Тошев |
| Нас. место: | Десово |
| Адреса: | с. Десово |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Настава на: | македонски и албански |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Пере Тошев“ (официјално: Општинско основно училиште „Пере Тошев“ — Десово; скратено: ООУ „Пере Тошев“) — централно основно училиште во прилепското село Десово, Општина Долнени.[1][2]
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Пере Тошев.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа во западниот дел од селото, во непосредна близина на ридот на којшто е сместена црквата „Св. Троица“.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во склоп на училиштето влегуваат следните подрачни училишта:
Од нив, единствено во подрачното училиште во Дупјачани се одвива настава од прво до деветто одделение, додека во останатите настава од прво до петто одделение.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на училиштето
- Влезната врата
- Училишното игралиште
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-07.
- 1 2 3 „Образование“. македонски: Општина Долнени. Посетено на 31 јануари 2020.

