Прејди на содржината

ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Куманово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крсте Петков Мисирков
Заедничката зграда на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ и ОУ „Браќа Миладиновци“
Заедничката зграда на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ и ОУ „Браќа Миладиновци“
Заедничката зграда на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ и ОУ „Браќа Миладиновци“
Место
Општина: Општина Куманово
Наречено по: Крсте Петков Мисирков
Нас. место: Куманово
Адреса: ул. „Народна револуција“, бр. 43
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1948; пред 77 години (1948)
Директор: Александар Јовановиќ
Број на ученици: 1.050
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место kmku.edu.mk/
Е-пошта krstemisirkov@yahoo.com
Телефон 031/424-231
Факс 031/424-231

Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Куманово; скратено: ООУ „Крсте Петков Мисирков“) — централно основно училиште во градот Куманово, Општина Куманово.[1] Училиштето ја дели зградата со ОУ „Браќа Миладиновци“.

Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.

Историја

[уреди | уреди извор]

Како резултат на приливот на поголем број ученици во гимназијата „Гоце Делчев“ во септември 1948 година, од неа биле издвоени 11 паралелки со 480 ученици со дел од наставниот кадар, и со тоа била створена неполната гимназија „Крсте Мисирков“.[2]

Младите книжевници од 1959 година издаваат свое списаниеПламенче“.[2]

Училиштето поседува свој кабинет по информатика уште од 1986 година.[2]

Во првата половина на 2010-тите, во училиштето имало 45 паралелки во кои биле опфатени 1.180 ученици. Образовно-воспитната работа во 45. паралелки ја извадуваат 60 наставници.[2]

Освоени награди

[уреди | уреди извор]

Двапати е добитник на Ноемвриската награда, како највисока награда на Собранието на Општината за покажаните резултати и тоа во 1971 и 1988 година. Прво од училиштата во Општината е добитник на највисока републичка Награда „Климент Охридски“ која се доделува за осебени заслуги за постигнати во образованието, здравството и културата што се во интерес на Република Македонија.[2]

Збратимени училишта

[уреди | уреди извор]

Училиштето е збратимено со училиштата:[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-12.
  2. 1 2 3 4 5 6 „За нас“. ООУ „Крсте Петков Мисирков“. Архивирано од изворникот 2015-06-18. Посетено на 12 декември 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]