ОУ „Коста Рацин“ - Брвеница
Изглед
За други значења на поимот, погл. ОУ „Кочо Рацин“.
Коста Рацин Кочо Рацин | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Брвеница |
| Наречено по: | Кочо Рацин |
| Нас. место: | Брвеница |
| Адреса: | ул. „Браќа Стефановиќ“, бб, с. Брвеница |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1946 |
| Директор: | Гоце Евгениевски |
| Број на ученици: | 375 (2022/23) |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | kostaracin.blogspot.com/ |
| Е-пошта | kostaracin@yahoo.com |
| Телефон | 044/455-010 |
| Факс | 044/455-010 |
Основно училиште „Коста Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Коста Рацин“ - Брвеница; скратено: ООУ „Коста Рацин“) — централно основно училиште во тетовското село Брвеница, Општина Брвеница.[1]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа во селото Брвеница, во неговиот средиштен дел.
Историја
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето бил изграден во 1926 година.[2]
Особеност
[уреди | уреди извор]Наставата се одвива од прво до деветто одделение со по две паралелки во секое одделение. Покрај ученици од село Брвеница, настава од петто до осмо одделение посетуваат и учениците од соседнотo село - Долно Седларце.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик во 22 паралелки.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Коста Рацин“ - Долно Седларце, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на училиштето
- Поглед на училиштето
- Влезот
- Поглед на училиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-02.
- ↑ „Годишна програма 2022/23“. ОУ „Коста Рацин“ - Брвеница. јули 2022. Посетено на 1 јануари 2025.

