ОУ „Климент Охридски“ - Облешево
Изглед
За други значења на поимот, погл. ОУ „Климент Охридски“.
Климент Охридски | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Чешиново-Облешево |
| Наречено по: | Свети Климент Охридски |
| Нас. место: | Облешево |
| Адреса: | ул. „Маршал Тито“, бр. 29, с. Облешево |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1947 |
| Директор: | Јорданчо Костадинов |
| Број на ученици: | 83 (2024/25) |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Е-пошта | k.o.oblesevo@gmail.com |
| Телефон | 033/351-170 |
| Факс | 033/351-170 |
Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Облешево; скратено: ООУ „Климент Охридски“[1]) — централно основно училиште во кочанското село Облешево, Општина Чешиново-Облешево.[2]
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето било изградено во 1947 година.[3]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Климент Охридски“ - Бања, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Климент Охридски“ - Кучичино, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Климент Охридски“ - Теранци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Климент Охридски“ - Чифлик, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на училиштето
- Спортското игралиште
- Спортската сала
- Влезот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ На натписната табла на училиштето стои името ООУ „Св. Климент Охридски“, но во официјалните документи издадени од самото училиште и од општината Чешиново-Облешево, се користи единствено името ООУ „Климент Охридски“.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-21.
- ↑ „Годишна програма за 2024/25“ (PDF). Општина Чешиново-Облешево. јули 2024. Посетено на 22 ноември 2024.

