ОУ „Кирил и Методиј“ - Ораовица
Кирил и Методиј | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Радовиш |
| Наречено по: | Свети Кирил и Методиј |
| Нас. место: | Ораовица |
| Адреса: | с. Ораовица |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1946 |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Кирил и Методиј“ - Ораовица; скратено: ООУ „Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во радовишкото село Ораовица, Општина Радовиш.[1]
Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето било изградено во 1946 година, а во истото наставата се изведува во две училишни згради кои денес се комплетно уредени и реновирани.
Во сколоп на училиштето е и спортската сала, која била пуштена во употреба во 2008 година. Училиштето располага со дворна површина од 5.439 m2, кој до пред извесен период истиот бил делумно асфалтиран и неуреден, но денес училишниот двор тој е уреден со тревни парцели, поставени се бехатон патеки, целосно е ограден, поставени се клупи, корпи за отпадоци и реновирани се надворешните спортски терени.
Во училиштето било вградено парно греење во двете училишни згради, училишната библиотека и спортската сала.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед кон училиштето
- Поглед кон игралиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-15.

