Прејди на содржината

ОУ „Единство“ - Октиси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Единство
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Струга
Наречено по: Единство
Нас. место: Октиси
Адреса: с. Октиси
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор: Мустафа Калиќи
Број на ученици: 265
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Е-пошта ou_edinstvo@yahoo.com
Телефон 046/799-583
Факс 046/799-583

Основно училиште „Единство“ (официјално: Основно општинско училиште „Единство“ - Октиси; скратено: ООУ „Единство“) — централно основно училиште во струшкото село Октиси, Општина Струга.[1]

Училиштето е именувано по југословенското мото братство и единство.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Училиштето се наоѓа на патот помеѓу селата Октиси и Вевчани.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Основното училиште наставата ја изведува најмногу на македонски јазик, но сепак некои од родителите имаат побарано нивните деца да учат на албански јазик. Како резултат на тоа се одвива настава на албански јазик на прво до петто одделение.[3]

Подрачни училишта

[уреди | уреди извор]

Во рамките на општинското основно училиште „Единство“ се наоѓа и подрачното основно училиште од прво до петто одделение:[2]

  1. Подрачно основно училиште „7 Март“ во село Долна Белица
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-15.
  2. 1 2 „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 21 ноември 2018.[мртва врска]
  3. „Македонците муслимани од Октиси не сакаат православен учител“. Архивирано од изворникот на 2021-03-23. Посетено на 21 ноември 2018.