ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола
„Д-р Трифун Пановски“ | |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Битола |
Нас. место: | Битола |
Адреса: | ул. “Охридска“ бр. 50 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Пецо Димовски |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | www.trifunpanovski.50webs.com/ |
„Д-р Трифун Пановски“ — основно училиште во централното градско подрачје, помеѓу улиците Охридска, Вангел Мајоро и Бул. 1 мај.[1]. Училиштето го сочинува еден објект со два краци. Едниот крак е стар дел изграден во 1932 година, а другиот крак е изграден 1956. Училиштето започнува да работи во далечаната 1932 година со стариот дел.
Училишниот објект зафаќа површина од 1420,98 м2, а училишниот двор површина од 3088 м2. Училишниот двор има зелен дел и асфалтиран дел каде што се сместени спортските терени за реализација на спортски активности.
Во состав на ОУ „Д-р Трифун Пановски“– Битола работат пет подрачни училишта и тоа во с.Трново, с.Дихово, с.Ниже Поле, с.Брусник и с.Братиндол.
За д-р Трифун Пановски[уреди | уреди извор]
Пановски, Трифун, (1912-1944), првиот партизански лекар во народноосло-бодителната војска на Македонија, и патрон на медицинскиот центар во Битола. Како лекар и хуманист со големи лекарски способности кај борците и народот уживал голем авторитет. Роден 1912 г. во с. Буф, Леринско, Егејска Македонија, во печалбарско семејство. Основно училиште завршил во родното место. Потоа со родителите се преселил во Битола, каде завршил Гимназија во учебната 1933/34 г. Се запишал на Медицинскиот факултет во Белград. Уште за време на студентските денови влегол во напредното студентско движење. По дипломирањето се вработил како лекар во Ниш, но набрзо, веднаш по окупацијата, се вратил во Битола и се приклучил во НОБ. Во 1941 г. станал член на КПЈ, а во 1942 г., за време на априлската провала Т. Пановски бил затворен од бугарската окупаторска полиција. Во недостаток на сигурни сведоштва бил ослободен од обвинувањата. Во текот на 1943 г. бил интерниран во Бугарија и мобилизиран како лекар во бугарската армија, од каде успеал да избега и да им се приклучи на партизаните (1944). Во партизанските редови работел прво како главен лекар во партизанските болници на Кожуф планина, а потоа како лекар во Првата македонско-косовска бригада и на крај во Првата македонска бригада (во Дебрца и Караорман). Ce одликувал co храброст и пожртвуваност, спремен да им помогне на ранетите борци во првите борбени редови. Заради неговата несебичност бил почитуван и сакан од сите борци. Д-р Трифун Пановски работел во партизанската болница што ја формирал и организирал кај с. Песочани и Ехловец, во подножјето на славниот Караорман и Славеј. Во оваа болница се лекувале тешко ранетите борци, а полесно ранетите, под негов стручен надзор се лекувале во своите единици.
На 22 јуни 1944 г. партизанското движење претрпело голема загуба. Во близина на селото Буринец (Дебрца) при едно пробно гаѓање со минофрлач, од ненадејна експлозија бил тешко ранет заедно со командантот на Првата македонска бригада Коле Канински и уште тројца нивни соборци - партизани. Иако и самиот бил тешко ранет д-р. Трифун Пановски им помагал на останатите повредени, сè додека сите не им подлегнале на раните.
Учество на натпревари и Освоени награди[уреди | уреди извор]
2007/2008
-На регионалниот натпревар по математика освоени се пофалници и освоено е второ место;
-На Регионалниот натпревар п физика освоени се второ и трето место;
-На Државниот натпревар по физика освоена е пофалница;
-На Регионалниот натпревар по Германски јазик освоено е шесто место;
-На Регионалниот натпревар по сообрајќајно воспитание, екипно е освоено трето место;
-На Државниот натпревар од Народна техника освоено е четврто место;
-Екипата од училиштето зеде активно учество на Регионалниот квиз натпревар помеѓу учениците од основните училишта;
-На спортските натпревари, женската екипа го освои второто место во ракомет; - На републичкиот пролетен кросво три категории беа освоени по едно прво, две трети и едно четврто место;
- На општинскиот натпревар во мал фудбал освоено е трето место;
- На општинскиот натпревар по информатика е освоено е второ место;
- На натпреварот по литературни творби „Поетски бранувања“ освоено е второ место;
-На регионалниот натпревар по историја освоени се петто и шесто место;
-На олимпијадата во Струга во организацијата на колеџот „Јаха Ќемал“ по англиски јазик освоено е петто место место;
-На републичкиот натпревар по англиски јазик освоено е петто место;
-На Општинскиот натпревар по англиски јазик е освоено петто и осмо место;
-На регионалниот натпревар од Народна техника освоено е првото место; -На општинскиот квиз натпревар учениците од четврто одделение го освоија прво место;
Училишни активности[уреди | уреди извор]
-На 23.01.2009 година во нашето училиште беше мирно и достојно прославен роденденот на нашата мега ѕвезда Тоше Проески. Во таа чест беа изложени сите албуми, портрети, постери, книги со ученички мисли со цел да се искажи големата загуба. За овој настан не останаа рамнодушни медиумите кои сакаа да го забележат тоа што се случуваше во нашето училиште. http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3647:2009-01-23-16-26-49&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106 -Пред крајот на секоја календарска година, во нашето училиште се одржуваат приредби и саеми во кои учестуваат нашите ученици, со своите настапи и дела; -Одбележан денот на екологијата: http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=5611:2009-03-22-20-21-03&catid=49:2008-10-22-13-36-47&Itemid=107 -Секоја година по повод I –ви Април `Денот на шегата` редовно се одржува маскенбал, од страна на учениците кои секогаш ја изразуваат својата креативност и фантазија, преку нивните фасцинантни маскоти;
Наставен кадар[уреди | уреди извор]
ДИРЕКТОР: СНЕЖАНА ТЕРЗИЕВСКА
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: РОБЕРТИНА ПЕТРОВКА; БОРКА САЗДАНОВСКА;
МАТЕМАТИКА: БОГОЈА БЕЛОКОЗОВСКИ;МЕРИ КУШЕВСКА; ЈОВАНКА ВАНГЕЛОВА;
ФИЗИКА: МЕРИ КУШЕВСКА;
АНГЛИСКИ ЈАЗИК: ТАТЈАНА ТРАЈКОВСКА; ГОРДАНА ЈОВЧЕВСКА;КАТЕРИНА СТОЈЧЕВСКА;
ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК: МИРЈАНА ПАЧОВСКА;
ИНФОРМАТИКА: СНЕЖАНА ЈОШЕВСКА;
ИСТОРИЈА: ПЕЦЕ ДИМОВСКИ;
ГЕОГРАФИЈА: ВИОЛЕТА НЕШКОСКА;
БИОЛОГИЈА: ТАЊА БЛАЖЕВСКА;
ХЕМИЈА: МАРИКА КОЖОВСКА;
ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ: ИГОР НАУМОВСКИ;
ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ: АНЕТА АНГЕЛКОВСКА;
МУЗИЧКО ОБАРАЗОВАНИЕ: ЈЕЛЕНА ЌЕБАПОВИЧ;
ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ: ЦАНЕ ГРБЕВСКИ; МИХАЈЛО СИЛЈАНОВСКИ;
ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА: ЛИЛЈАНА НИКОЛОВСКА; АНАСТАСИЈА ТАЛЕВСКА; ВЕРА СТОЈАНОВСКА; ИРЕНА НИКОЛОВСКА;
ЈАНИ АПОСТОЛОВСКИ; ЛИДИЈА КОСТОВСКА; ВАСКА БЕЛОКОЗОВСКА; ЦВЕТАНКА ЉАМЧЕВСКА; ТАЊА НИКОЛОВСКА;
ЕЛИЗАБЕТА ВЕЉАНОВСКА; ЛИЛЈАНА ТАСЕВСКА; ЛИЛЈАНА ВЕЉАНОВСКА; СНЕЖАНА ТОДОРОВСКА;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)