ОУ „Димо Хаџи Димов“ - Влае

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Димо Хаџи Димов“

Место
Општина: Општина Карпош
Нас. место: Влае
Адреса: Ул. Ангел Динев бр. 5
Местоположба
Основни информации
Директор: Весна Кочовска
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место https://www.ou-dimohdimov.edu.mk
Е-пошта dimohdimov@yahoo.com
Телефон 20 41 635

ООУ „Димо Хаџи Димов“основно училиште во населбата Влае во општина Карпош[1]. Во него настава посетуваат околу 1700 ученици, без децата од претшколска возраст, што претставува значително голем број во однос на минатото.

Училиштето е изградено по Скопскиот земјотрес со помош на некои донации од земјите на Балканот, а најмногу од Словенија. Словенија освен што придонесе за изградба на училиштето, ја помогна и целата населба поради материјалните штети по земјотресот, па затоа и многу улици во населба Влае носат имиња на словенечки писатели од тоа време.

Близу ова училиште се наоѓа прометниот булевар „Партизански одреди“, заради што беше неопходна изградбата на надвозникот „Влајко“, освен поради безбедноста на децата кои го посетуваат ова учулиште, и поради безбедноста на самите граѓани во населбата. Надвозникот официјалнно е пуштен во употреба на 27 септември 2006 година во 13:00 часот, каде што при неговото отворање учествуваа: амбасадорот на САД во Македонија, г-ѓа Џилиен Миланович, градоначалникот на општина Карпош, Андреј Петров, и директорката на училиштето, Лела Николовска. Средствата за изградба на преминот ги обезбеди општина Карпош, а Американската агенција за меѓународен развој (USAID) ги донираше лифтовите во објектот.

Од 1963 година училиштето го носи името „Јосип Броз – Тито“ до 1993 год., кога е применувано во ОУ „Димо Хаџи Димов“, според името на македонскиот истакнат револуционер од илинденскиот период на македонската историја. Имено, на 27 декември во 1993 год. завршена е постапката за преименување на училиштето од ОУ ‘Јосип Броз – Тито” во ОУ ‘Димо Хаџи Димов”, а на 20 октомври 1994 год. промовирано е новото име на училиштето на свеченост на која присуствуваше и пригодна реч одржа Министерот за образование и физичка култура, д-р Димитар Бајалџиев. Во 1974 училиштето ја добива највисоката награда на град Скопје – наградата ’13 Ноември”, а истата награда во 1976 ја добива Друштвото за физичка култура при училиштето. Во 1969 година во училиштето почнува да работи училиштен педагог. Така за првпат се поставуваат темелите на стручната служба во тогашната СР Македонија.

Од 1965 год. до 1989 год. во континуитет се организирале средби на ученици и наставници од нашето училиште со 16 училишта низ цела СФРЈ под името ‘Средби на пријатества”.

Во 1987 год. се пушта во работа забна амбуланта која работи во состав на училиштето.

Во 1997 год. е основана асоцијацијата ‘Млади горјани”, прва од ваков вид во рамките на основните училишта во Р Македонија.

Училиштето е основоположник на Советот на родители – орган на училиштето со свој сопствен статут, прв од ваков вид во Р Македонија.

Во училиштето се работи проектот ‘Вклучување на децата со посебни потреби во редовното училиште”, односно со деца со посебни потреби и пред официјалното започнување на проектот во 1998 год.

Училиштето редовно учествува на градски, регионални и државни натпревари по сите наставни предмети, за што се добиени и многу награди, признанија, пофалби, дипломи, пехари и друг вид одбележувања на резултатите на учениците.

Од декември 1992 год. во училиштето се вовело рекреативна спортска активност за учениците од одделенска настава која беше предуслов за законско зголемување на фондот на часовите по физичко воспитување од два на три наставни часа седмично.

Во текот на јули 2011 година од страна на општина ‘Карпош” се преземени активности за поголема реконструкција на училиштето со што во голема мера ќе се подобрат условите за реализирање на воспитно-образовната работа. Наставниот процес се реализира  во различни објекти, пет засебни бараки кои се користат зависно од активностите.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Боро Стојкоски - началник во МВР и претседател на Радиоаматерски Сојуз на Македонија.

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]