Прејди на содржината

ОУ „Гоце Делчев“ - Штип

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гоце Делчев
Место
Општина: Општина Штип
Наречено по: Гоце Делчев
Нас. место: Штип
Адреса: ул. „Иво Лола Рибар“, бр. 179
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1966; пред 60 години (1966)
Директор: Зоран Митев
Број на ученици: 585 (2024/25)
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oougocedelcevstip.mk/
Е-пошта ou_goce_delcev_stip@yahoo.com
Телефон 032/380-417
Факс 032/380-433

Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Штип; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Штип, Општина Штип.[1]

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Историја

[уреди | уреди извор]

Училиштето било изградено во 1966 година.[2]

Најпрвин го носело името „Маршал Тито“, но непосредно по започнувањето со настава го добиле името „Јосип Броз Тито“. Потоа, било преименувано во „25 Мај“, за на крај да го добие денешното име.

При започнувањето со работа на училиштето, овде биле префрлени ученици и наставници од „Тошо Арсов“ и „Моша Пијаде“.

Претходно, училиштето имало подрачно училиште во село Брест.

Директори
  • Ѓорги Зигов (1966-1971)
  • в.д. Александар Петров (1971-1972)
  • Војслава Кадифкова (1972-1976)
  • Борислав Дрмов (1977-1983)
  • в.д. Михаил Протогеров (1982-1983)
  • Вангел Христовски (1983-1991)
  • в.д. Андре Берков (1991-1993)
  • Вангел Христовски (1993-2002)
  • в.д. Трајко Манев (2002-2003)
  • в.д. Милан Васиќ (2003)
  • Донче Стојанов (2003-2009)
  • Васил Николов (2009-2014)
  • Елена Ташкова (2014-2018)
  • Трајче Димов (2018-2022)
  • Зоран Митев (2022-денес)

Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.

Училиштето во моментот има 39 паралелки и 1 комбинирана паралелка во селото Шашаварлија.[3]

Подрачни училишта

[уреди | уреди извор]

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-22.
  2. „Годишна програма за 2024/25“. ОУ „Гоце Делчев“. јули 2024. Посетено на 28 декември 2024.
  3. Ташкова, м-р Елена, уред. (2016). Монографија на ООУ ,,Гоце Делчев‘‘ Штип. Штип: ООУ ,,Гоце Делчев‘‘ - Штип. стр. 1–189.