ОУ „Гоце Делчев“ - Гостивар
Гоце Делчев | |
|---|---|
Поглед на училиштето (2022 г.) | |
| Место | |
| Општина: | Општина Гостивар |
| Наречено по: | Гоце Делчев |
| Нас. место: | Гостивар |
| Адреса: | ул. „Браќа Блажески“, бр. 6 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Настава на: | македонски и албански |
| Контактни информации | |
| Телефон | 042/215-225 |
| Факс | 042/215-225 |
Основно училиште „Гоце Делчев“ (службено: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Гостивар; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Гостивар, Општина Гостивар.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.
Историја
[уреди | уреди извор]Во периодот септември 2017 година, организацијата НДЦ Скопје ја завршила постапката на реконструкција во 16 училници и 2 ходници во училиштето. Дополнително, НДЦ Скопје обезбедило дидактички материјали, училиштен мебел и ИТ опрема за сите училници.[2]
Во мај 2018 година, директорот Сашо Шарески бил заменет со Игор Радески.[3]
На 1 ноември 2019 година, почнале градежните работи за реконструкција на покривот. Изградбата на новиот прокрив била во вредност од 354 илјади долари и била финансирана од Општина Гостивар и од швајцарската влада, а спроведувана преку УНДП во рамки на Програмата за подобрување на отпорноста на Полошкиот регион кон поплавите.[4][5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Јужното крило на училиштето
- Училиштето во 2010 година
- Стакленик до јужното крило
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-06.
- ↑ „НДЦ Скопје реконструира училници и училишни простори во ОУ „Гоце Делчев", Гостивар“. ndc.mk. 1 октомври 2017. Архивирано од изворникот 2022-08-23. Посетено на 23 август 2022.
- ↑ „Нов директор во гостиварското основно училиште „Гоце Делчев"“. gostivarpress.mk. 22 мај 2018. Архивирано од изворникот 2022-08-23. Посетено на 23 август 2022.
- ↑ „Почна реконструкцијата на покривот на ОУ„Гоце Делчев" во Гостивар“. faktor.mk. 1 ноември 2019. Посетено на 23 август 2022.
- ↑ „УСАИД инвестира во ОУ "Гоце Делчев" во Гостивар“. Општина Гостивар. 16 септември 2009 год. Посетено на 2010-10-21. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help)[мртва врска]

