Прејди на содржината

ОУ „Вера Которка“ - Клечевце

Координати: 42°6′57″N 21°51′6″E / 42.11583° СГШ; 21.85167° ИГД / 42.11583; 21.85167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вера Которка

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Куманово
Наречено по: Вера Которка
Нас. место: Клечевце
Адреса: с. Клечевце
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта vera.kotorka@gmail.com
Телефон 031/476-300
Факс нема

Основно училиште „Вера Которка“ (официјално: Основно општинско училиште „Вера Которка“ - Клечевце; скратено: ООУ „Вера Которка“) — централно основно училиште во селото Клечевце.

Училиштето е именувано по македонската партизанка Вера Которка.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Клечевце, сместено во средишниот дел на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Објектот на училиштето е изграден во 1928 година, кога наставата се изведувала од прво до четврто одделение. Училиштето прераснало во осумгодишно во 1958 година, кога биле доградени уште две училници и канцеларии.

Покривот на училиштето бил обновен во 2010 година, додека прозорците биле заменети во 2018 година.

Градба[уреди | уреди извор]

Објектот е во добра состојба. Површината на објектот е 642 метри квадратни, има седум училници и две помошни простории. Се загрева со помош на печки на дрва.[1]

Настава[уреди | уреди извор]

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Самоевалуација на ООУ „Вера Которка". Општина Куманово. мај 2021 г. Посетено на 9 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

42°6′57″N 21°51′6″E / 42.11583° СГШ; 21.85167° ИГД / 42.11583; 21.85167