ОУ „Александар Урдаревски“ - Мирковци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Урдаревски

Место
Општина: Општина Чучер-Сандево
Наречено по: Александар Урдаревски
Нас. место: Мирковци
Адреса: ул. 1, бр. 11, Мирковци, Чучер-Сандево
Местоположба
Основни информации
Основано: 1963
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта aurdarevski10@yahoo.com

Основно училиште „Александар Урдаревски“ (официјално: Основно општинско училиште „Александар Урдаревски“ - Мирковци; скратено: ООУ „Александар Урдаревски“) — единствено основно училиште во селото Мирковци[1]. Училиштето се наоѓа во западниот дел на атарот на селото Мирковци и тоа претставува средишно училиште за учениците од селата Горњане, Бањане, Општина Чучер-Сандево, Бразда, Глуво и Мирковци.

Создавање и развој[уреди | уреди извор]

Училиштето го сочинуваат две подрачни училишта, во Долно Блаце и во Горно Блаце. Училиштето „Александар Урдаревски“ е изградено во 1963 година. Подрачното училиште во Долно Блаце е изградено во 1979, а во Горно Блаце во 1951. Вкупниот број на ученици кои го посетуваат ова училиште е 438, од прво до осмо одделение. Наставата се одвива во две смени во централното и една смена во подрачните училишта со вкупно 37 вработени (наставен и ненаставен кадар). Во основното училиште „Александар Урдаревски“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 438 ученици во 24 паралелки.

Просторни можности и техничка опрема[уреди | уреди извор]

Објектот е во тврда градба, со подрум, приземје и спрат. Во рамки на Училишната просторна организација е реновирана и фискултурна сала, во рамки на стандардниот објект. Во училиштето просторот се состои од: 14 училници, кабинети, библиотека, фискултурна сала, надворешно игралиште, зелена дворна површина, канцелариски простор, ходници, санитарни јазли и и други помошни простории. Училиштето за подобра и поефикасна настава брои и еден кабинет со SMART табла, за која наставниот кадар е дополнително усовршен.

Цели на училиштето[уреди | уреди извор]

Општи цели:[уреди | уреди извор]

  • стекнување знаења, вештини и способности
  • развивање свест за критичко прифаќање на општествените и социјалните процеси и појави
  • поттикнување критичко и креативно мислење
  • рационална и творечка примена на иновации и нови идеи
  • применети знаења
  • слобода на мислење
  • флексибилност и адаптибилност во создавање ставови
  • воспитување на лична одговорност
  • запознавање со личните права и обврски
  • развивање свест за заштита на природата и човековата околина
  • развивање на потребата за доживотно учење
  • подготвеност за промени
  • развивање свесност за мултикултурализам и мулиетничка интеграција
  • подигнување на свесноста за професионалната ориентација и кариерното советување
  • унапредување на воспитно-образовниот процес преку воведување на современа компјутерска технологија

Посебни цели:[уреди | уреди извор]

  • подигнување на квалитетот на наставата
  • развивање свест за професионално усовршување на наставниот кадар
  • интеграција на ученикот во наставниот процес како творечки субјект
  • активна соработка со родителите
  • опремување на училиштето со современи наставни средства
  • подобри интерперсонални односи
  • утврдување предлог- мерки и други начини за постигнување на редовноста на учениците во наставата
  • подигнување на еколошката свест кај сите структури во училиштето
  • самоевалуација на работата на училиштето интегриран пристап во наставата
  • подигање на свеста за справување со насилство
  • подигање на свеста за иновации и претприемништво во воспитно-образовниот процес
  • интензивирање на соработката со родителите (советување на родители)
  • реализирање активности кои промовираат мултитетничка интеграција
  • зголемена употреба на современа компјутерка технологија во наставниот процес

Наставни програми[уреди | уреди извор]

Наставните програми во училиштето се: Македонски јазик, Англиски јазик као прв странски јазик, Француски јазик како втор странски јазик, Математика, Хемија, Физика, Биологија, Историја, Географија, Природни науки, Информатика, Етика, Техничко обрзование, Општество, Музичко, Ликовно, Физичко...

Активности[уреди | уреди извор]

Во училиштето покрај редовни часови, има и дополнителни активности на кои децата со голема желба присуствуваат. Такви се: хорот и оркестарот, ликовната секцика, историската секција... Големиот дел од учениците се занимаваат со воншколски активности како спортот. Во нашето училиште се наоѓа теквондо клубот „Борец“ кој веќе 4 години успешно работи и оди во поход по меѓународни, балкански, европски и светски медали. Името на нашето училиште го носат и ракометарите на ракометниот клуб „Александар Урдаревски“ кои се под закрила на ракометниот клуб Вардар, а се под раковонство на наставникот по физичко образование Никола Димовски.

Успех на ученици кои сè уште се во ова училиште[уреди | уреди извор]

  • Дебора Брњарчевиќ - теквондо „Борец - балкански шампион
  • Ива Поповска - теквондо „Борец“ - меѓународен златен шампион, 7th european taekwondo championship

Успех на ученици кои завршиле во ова училиште[уреди | уреди извор]

  • Славе Коевски - атлетика - државен првак, 1st european games Baku 2015
  • Стефан Ацковски - копје
  • Стефан Цариќ - кошарка „Работнички“
  • Стефан Чакалиќ - ракомет „Вардар“

Наставен кадар[уреди | уреди извор]

Основното училиште „Александар Урдревски“ како и со своите многу други одлични одлики, може да се пофали и со најобразованиот наставен кадар. Дел од професорите се и:

Директор

  • Илинче Митева

Македонски јазик

  • Зорица Силјановска

Англиски јазик

  • Анѓа Живановска
  • Даниела

Француски јазик

Математика

  • Николина

Физика

  • Славица

Хемија

  • Верче Славковиќ

Биологија

  • Лепосава Савеска

Географија

  • Трајанка Дрвосанова (пензионирана)

Историја

  • Трајанка Дрвосанова (пензионирана)

Информатика

Етика

Музичка култура

Физичко образование

  • Никола Димовски

Ликовна култура

  • Зорица Каевиќ

Библиотека

Секретар

Педагог[уреди | уреди извор]
  • Гордана Поповска

Одделенски наставник

  • Гордана Богојовска Димитриевска
  • Наташа Кипријановиќ
  • Драгица
  • Павлина
  • Кристина Јаневска
  • Гордана Војневска

Соработка на училиштето[уреди | уреди извор]

Соработка на училиштето со семејството.

Семејството е тоа кое го доверило својот член да биде дел од нашето училиште и секако, треба да има неприкосновено право на комуникација, соработка, информирање за се она што се случува во училиштето. Оваа соработка, комуникација во најширока смисла на зборот се овозможува преку најразлични форми и облици, почнувајќи од родителски средби, прием на родителите во определено време, вклучување на родителите во управувањето со училиштето, стручна соработка со нив, вклучување на родителите во остварување на целите на училиштето, заеднички забави, одбележување приредби, културни, спортски или научни манифестации.

Соработка на училиштето со институции и организации

 Училиштето ја продолжува соработката со институциите кои се тесно поврзани со неговото работење:

  • Министерство за образование и наука на Р Македонија
  • Град Скопје – Сектор за образование
  • Биро за развој на образованието
  • Државен просветен инспекторат
  • Државен испитен центар
  • Државен управен инспекторат
  • Агенција за заштита на податоци
  • Агенција за млади и спорт
  • Град Скопје – Сектор за спорт
  • USAID
  • Сите Основни и Средни училишта на Град Скопје
  • Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Музеј на Град Скопје, Музеј на современа уметност, Музеј на ВМРО и други институции кои придонесуваат за квалитетно овразование
  • Невладини организации
  • Завод за здравствена заштита на Скопје

Меѓуетничка соработка

Училиштето „Александар Урдаревски“ е во контакт и со истоименото училиште во населеното место Блаце кое е и во надлежност на училиштето „Александар Урдаревски“ - Сандево. Дружбата и учењето мегу учениците со одвива под раководство на наставниот кадар кој исто така се труди средбите да бидат на што повисоко ниво со цел подобро учење на двете култури, односно македонската и албанската.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 15.01.2022. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)