ОУ „Љубен Лапе“ - Аеродром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„ОУ „Љубен Лапе““
ОУ Љубен Лапе.jpg
Место
Општина: Аеродром
Нас. место: Аеродром
Адреса: ул.„Васко Карангелески“ бр.2
Основни информации
Директор: Елизабета Најдовска
Настава на: македонски
Контактни информации

Основното училиште „Љубен Лапе“ се наоѓа во населбата Аеродром, општина Аеродром[1][2]. Во минатото училиштето го носело името на Видое Смилевски - Бато, кое подоцна било преименувано во чест на големиот македонски историчар Љубен Лапе.

Лого на училиштето[уреди | уреди извор]

Лого на училиштето

Химна на училиштето[уреди | уреди извор]

Песна за нашиот Патрон[уреди | уреди извор]

Љубен Лапе .JPG
Роден Љубен Лапе
11 октомври 1910
Прилеп,
Починал 24 ноември 1985
Скопје
Занимање Македонски историчар и универзитетски професор
Љубов срце полно на
Учителот, историчар прв.
Биело тоа силно
во преграб со врагот клет.
Ех, свиено ко ноќна мора
со исконска желба
за новата зора.
Неврат го пратил тој
од дедовиот праг.


Ликувал исправено и гордо
пред мојот и твојот сој.
А денес се времиња јасни,
историчари, академици смели
Пишуваат за делата твои
со срца горешти, врели.
Еднаш било и останало,
историјата - учителка стара
го врамила твоето дело
на секоја твоја страна.

Љубен Лапе 25 години[уреди | уреди извор]

Со богата културно – уметничка програма во холот на ОУ „Љубен Лапе“, денеска, 21.10.2011 година (петок) се одбележа 25–годишнината од постоењето на училиштето.

На роденденската прослава, учениците од одделенска и предметна настава под мотото „Училишни радости пронижани со едукација, воспитување, успеси и другарување“, изведуваа најразлични музички точки, хорски и оркестарски изведби, а се читаа и рецитали и драмски литературни творби.

На прославата покрај претставниците од Општина Аеродром, присуствуваа и голем број ученици, родители и наставници.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште:[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Пристапни рампи за инвалидизираните лица во ОУ „Љубен Лапе““, Утрински Весник, понеделник, 29 март 2010 (посет. 10 септември 2010 г). (на македонски)
  2. ОУ „Љубен Лапе“ - Комплетно реновирано“, Општина Аеродром, среда, 22 август 2012 (посет. 22 август 2012 г). (на македонски)