ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Центар
Јохан Хајнрих Песталоци
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Центар |
Наречено по: | Јохан Хајнрих Песталоци |
Нас. место: | Буњаковец |
Адреса: | ул. „Апостол Гусларот“, бр. 3 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Катерина Атанасова |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | ooupestaloci.edu.mk/ |
Е-пошта | info@ooupestaloci.edu.mk |
Зграда на ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ | |
---|---|
Општи податоци | |
Координати | 41°59′50.20″N 21°25′15.23″E / 41.9972778°N 21.4208972°E |
Почната | 1964 (проектирање), 1966 (изградба) |
Завршена | 1969 |
Пуштена во употреба | 12 јануари 1969 |
Нарачател | Влада на Швајцарија (донација) |
Технички податоци | |
Катови | 3 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Алфред Рот |
Главен изведувач | Градежно претпријатие „Бетон“ - Скопје |
Основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ (во минатото: Основно училиште „Петар Петровиќ Његош“; официјално: Основно општинско училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Центар; скратено: ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“) — централно основно училиште во скопската населба Буњаковец, Општина Центар.[1]
Училиштето е именувано во чест на швајцарскиот педагог и образовен реформатор Јохан Хајнрих Песталоци, додека во минатото (пред земјотресот) било именувано по црногорскиот владика и владетел Петар Петровиќ-Његош.
Историја
[уреди | уреди извор]Првичното име на училиште било „Петар Петровиќ Његош“. За време на земјотресот на 26 јули 1963 година, училишната зграда претрпела значителни оштетувања. Последователно, Владата на Швајцарија одлучила да собере средства со цел да ги искористи за изградба на училишна зграда. Град Скопје требал да ја одреди местоположбата, а фондот за реконструкција ги презел сите средства приложени од швајцарската донација. Пролетта 1964 година, швајцарската влада му ја доверила изработката на училиштето на архитектот Алфред Рот, професор на Техничкиот факултет во Цирих, архитект кој долги години од својата кариера се занимавал со прашањето на современото образование и училишните градби. Во почетокот на јули 1964 година, започнувале првите договори со преставниците на Собранието на Град Скопје за предложената програма во однос на новата градежна конструкција за асеизмичкото градење (на инженерот К. Хубахер), која во моментот на градење бил пионерски зафат во областа на градежништвото во светски рамки. На 5 септември 1966 година, бил потпишан договор за изградба на училиштето, а 1967 година започнало градењето во соработка на швајцарските проектанти со градежната оператива на Г.П. „Бетон“, Скопје. По две години изградба, на 12 јануари 1969 година, на роденденот на швајцарскиот педагог Јохан Хајнрих Песталоци чие име го носи училиштето, истото е свечено пуштено во употреба и ги отворило вратите за првите ученици по земјотресот.[2]
Најголемиот зенит, кога се работи за бројка на ученици, бил во периодот 1978-1988 кога училиштето работело во три смени со околу 1.500 ученици.[2]
Во 2018 година, училиштето имало околу 900 ученици.[2]
Директори
[уреди | уреди извор]- Катерина Атанасова[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-20.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Антонио Грујевски (16 септември 2018). „О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци" / Алфред Рот“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 21 септември 2018. Посетено на 11 мај 2024.
- ↑ „О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци" / Алфред Рот“. ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. 3 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 24 октомври 2021. Посетено на 11 мај 2024.