ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Климент Охридски

Место
Општина: Македонски Брод
Нас. место: Македонски Брод
Местоположба
Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место http://www.oouklimentohridski.edu.mk/

Св. Климент Охридскиосновно училиште во Македонски Брод, Општина Македонски Брод.

Училиштето е сместено во горниот дел од градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Училиштето сè до 1968 година го носи името “Кирил и Методиј“, од 1968 “Единство“, име кое го задржува сè до 1997г., а од 1997  „ Св.Климент Охридски“.

Од 01.12.2010 година се преминува во ООУ“Св.Климент Охридски“.

Училиштето како целина е составено од два објекта кои внатрешно се поврзани со скалишен простор. Постариот објект е пуштен во функција во далечната 1946 г. ,а поновиот објект во 1990 година.

Во состав на училиштето функционираат шест подрачни училишта.

Дисперзирана организациона мрежа која ја покрива целокупната територија на општината.

Во своето 67-годишно постоење низ училишните клупи поминале над 22.000 ученици.

Наставата е организирана во едно централно и 6 (шест) подрачни училишта. Во училиштето се реализира следниот вид на настава: задолжителна настава, изборна настава, дополнителна настава, додатна настава, продолжен престој, слободни ученички активности.

Цели на училиштето[уреди | уреди извор]

Основите за планирање на воспитно-образовната дејност на нашево училиште се темелат врз основа на определбите на Законот за основно образование, анализите за развојот на основното образование и воспитание.

Целта на нашето училиште е да им овозможи на учениците поединечен развој во сообразност со нивните предиспозиции и кај нив да се развиваат чувства на одговорност, смисла за убавото, културните традиции и свест за припадноста на Р Македонија и да ги почитуваат и исполнуваат граѓанските права и обврски.

Целта ќе ја оствариме преку следните задачи:

- да ги воспитуваме учениците за почитување на основните слободи и права на човекот за живеење во демократска заедница.

- да се потикнуаат за правилен физички развој на учениците и одговорност за сопственото здравје, здравјето на другите, како и заштита на околината.

- да се поддржува сознајниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците.

- кај учениците да се развива самостојноста, креативноста и да го збогатува интересот за усвојување на нови знаења.

- учениците да ги оспособиме за усно, писмено и екстерно изразување и проверување.

- општа цел на образованието е да го оспособи ученикот да го применува стекнатото и тековно знаење во разни области од човековото живеење.

- поставување на воспитно - образовниот процес врз принципите на современата настава;

- зголемување на образовната и воспитната компонента во училиштето;

- продлабочување и проширување на знаењата на учениците во функција на нивна практична примена;

Учениците да усвојуваат знаења, да ги развиваат своите способности и вештини потребни за продолжување на школувањето во средното образование:

- обезбедување на високи постигнувања и успех

- подигање на мотивацијата на учениците и наставниците

- зголемување на соработката и поддршката со локалната средина

- градење на соодветен систем на оценување, со јасно прецизирани начини и средства за оценување.

За патронатот[уреди | уреди извор]

Училиштето работи од 1968 година под името ЦОУ.”Единство”, но бидеќи тогаш се затвораат дел од училиштата името ”Единство”не е соодветно, па затоа е покрената иницијатива за промена на името . По триесет годишна работа поточно од 01.04.1998 година го носи денешниот назив ООУ. “Св. Климент Охридски”.

Училиште со гордост го носи името на првиот оригинален писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.

Тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост ,светите браќа Кирил и Методиисто и продолжувач на нивното дело. Окулу дваесетина години ги поминува во просветителската Моравска мисија за одбрана на словенскиот јазик.

Едно непроценливо создадено дело од Климент заедно со Наум е обработувањето , преобразбата и поедноставувањето на Глаголицата , така што ја создаваат новата азбука која во чест на нивниот учител Кирил ја нарекуваат Кирилица.

Во 886 ја формира Охридската книжевна школа. Климент епознат македонски и словенски учител. Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско просветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општо хриостијански светители.

На 8 декември денот на патронот од нашето училиште со посебна програма свечено се одбележува.  Започнува со полагање на цевќе пред  споменикот на патронот во училишниот двор , се организираат активности (рецитали, ликовни изложби, турнири и сл.), празнувањето продолжува со свечена приредба кој ја подготвуваат учениците и заедно со наставниот кадар  во чест на патрониот празник на нашето училиште  “Св. Климент Охридски ”.

Визија и мисија[уреди | уреди извор]

Визија

Учењетохармонијата и просперитетот на учениците од нашево училиште кон посветла иднина.

Изјава на визијата:

Нашите ученици да се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат да се изградат во здрави и одговорни личности, подготвени за предизвиците на животот, оспособени да го применат стекнатото знаење и вештини. Со позитивно изградените вредносни системи тие да бидат носители на општествено- корисна работа, ценети и пожелни во пошироката општествена заедница.

Цел на визијата:

Преку воспитно образовниот процес да се влијае на создавање на здрави личности во поглед на физичкото, менталното и социјалното здравје кои ќе ги остварат обврските на одговорни граѓани.Стекнатите знаења и вештини да бидат трајни и истите да можат да ги применуваат во понатамошното образование и извршување на работните задачи.Остварувањето на визијата, училиштето ќе го овозможи преку стекнување на знаења, вештини и позитивни вредности на личноста.Континуирано ќе работи на остварување на целта на визијата преку учење, критичко мислење, напредување од сите области користејќи ги потенцијални средства со кои располага училиштето и околината.Тие ќе бидат реализирани преку подрачјата за планирање на наставните програми.

Мисија

Училиштето   предводи и поттикнува промени  кои се патоказ за креативна, здрава и образована личност.

Цел на мисијата:

Да бидеме  училиште коe нуди современа, модерна, квалитетна настава која е прилагодена на потребите на учениците и ќе  овозможи нивно креативно, интелектуално и позитивно оформување и надградување.

Да влијаеме на сестраниот развиток на личноста со вистински вредности и начела кои ги стекнала кај нас, а ќе и бидат двигател и водич низ лавиринтите на животот.

Изјава на мисијатa: Мисијата ќе му овозможи на секој ученик да ги развива своите мисловни, емоционални, социјални и поединечни способности преку усвојување знаења и вештини, да развие граѓанска свест за сопствениот, националниот и културниот идентитет, почитување на луѓето и грижа за здравјето и здравата околина.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]