ОУ „Кузман Шапкарев“ - Драчево

Од Википедија — слободната енциклопедија
ОУ „Кузман Шапкарев“

ОУ „Кузман Шапкарев“ е основно училиште кое е изградено во 1971 година, а почнува со работа на 1 јануари 1972 година. Тоа е сместено на улица „Жарко Зрењанин“ во населбата Драчево, Скопје.

ОУ „Кузман Шапкарев“ има учествувано на повеќе натпревари, од кои на некои учествува повеќе години, на пример Регионален натпревар по Математика, Смотри на млади техничари и природници, Општински Квиз-натпревар и сл. А учениците од ова училиште се имаат закитено со многу пофалби, благодарници, признанија и дипломи од овие натпревари. Директор на ова училиште е професорката по одделенска настава Весна Настоска.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]