ОУ „Кирил и Методиј“ - Кочани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирил и Методиј

Влезот на училишната зграда
Влезот на училишната зграда
Место
Општина: Кочани
Наречено по: Кирил и Методиј
Нас. место: Кочани
Адреса: ул.„Глигор Апостолов-Гочо“ бр.33
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1985; пред 39 години (1985)
Директор: Даниел Кралев
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта sv.kirilimetodijkm@yahoo.com

ОУ „Кирил и Методиј“основно училиште во градот Кочани. Училиштето е посветено на солунските просветители Кирил и Методиј. Во склоп на матичното училиште работат и две подрачни училишта во Горни Подлог и Бели.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Училишната зграда била изградена во 1970 година, чиј архитект бил Радомир Лаловиќ.[2] Според изворите на самото училиште и Општина Кочани, зградата била изградена во 1974 година.[1][3] Училишната зграда првично била наменета за ОУ „Моша Пијаде“.[4][5] Во 1983 година, „Моша Пијаде“ се преселило во зградата.[6]

Со препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град, била донесена одлука за создавање на ново посебно училиште (ОУ „Кирил и Методиј“) од постојното „Моша Пијаде”.[6] Училиштето било основано од страна на Општина Кочани, и установата била верифицирана со Решението 13 – 6487 од 20 декември 1985 година, од страна на Секретаријат за општествени дејности на ИС на СО Кочани.[3]

Според интергралната евалуација направена во ноември 2019 година, училиштето имало 969 ученици од кои 483 биле машки, а 486 биле женски. 63 лица биле наставници.[7]

Во периодот помеѓу годините 2020 до 2022 година, училиштето имало 36 паралелки.[3]

Досегашни директори[уреди | уреди извор]

  • Даниел Кралев[8]

Особености[уреди | уреди извор]

Дворот.

Внатрешната површина на училиштето е 3,740 м2. Дворот зафаќа 3,145 м2. Спортските терени и игралишта зафаќаат 800 м2.[3]

Архитектура на училишната зграда[уреди | уреди извор]

Југоисточното крило.

Обликувањето на градбата е образувано павилјонски, со така наречени гроздови со интегрирани празници – пација, кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го завзема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Како расчленети функции но со исто формално обликување се јавуваат училниците за 7-10 години, училниците за 11-14 години, техничките училници над аулата на кат и спортската сала.[2]

Конструкцијата и фасадната обработка е од изложен (натур) армиран бетон, со керамидна покривна покривка која му дава посмирена однос и пристап со околината. Првичната зелена дрвена браварија, е заменета со бели ПВЦ прозорци.[2]


Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Нашето училиште“. ОУ „Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот 2018-11-12. Посетено на 28 септември 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 Мартин Ефремовски (30 август 2018). „ОУ "Кирил и Методиј" Кочани / Лаловиќ“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2018-12-03. Посетено на 28 септември 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Извештај од спроведена самоевалуација во ОУ„Св.Кирил и Методиј"-Кочани за периодот 2020-2022година“ (PDF). Општина Кочани. август 2022. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-09-27. Посетено на 28 септември 2023.
  4. „Радомир Лаловиќ – добитник на престижната "Андреја Дамјанов". vecer.mk. 9 октомври 2007. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  5. „Радомир Лаловиќ (1933-2014)“ (216). Порта3. јануари 2014: 55. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. 6,0 6,1 „Историјат“. ОУ „Никола Карев“. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  7. „Интегрална евалуација: ООУ„Св. Кирил и Методиј"- Кочани“ (PDF). Штип: Државен просветен инспекторат. 13 февруари 2020. стр. 1. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-01-26. Посетено на 28 септември 2023.
  8. „Директор“. ОУ „Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот 2018-11-12. Посетено на 28 септември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]