ОУ „Ацо Шопов“ - Радишани

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ОУ "Ацо Шопов" - Радишани)
Ацо Шопов

Место
Општина: Бутел
Нас. место: Радишани
Адреса: Радишанска“ 68а
Местоположба
Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место http://acosopov.edu.mk

Основното општинско училиште ‘’Ацо Шопов’’[1] е изградено во 1984 година и е од тврда градба. Со својата работа започнува на 17 септември 1984 година и тогаш имало 684 ученици во 20 паралелки. Основното општинско училиште „Ацо Шопов“ е сместено на територијата на општина Бутел, во населба Радишани на ул. „Радишанска“ 68а и ги опфаќа учениците од населбата и селото Радишани. Учебната 2018/2019 година, училиштето работи со вкупно 853 ученици, кои се распоредени во 31 паралелки, по три на ниво на одделение и по една четврта паралелка на ниво на прво, второ, трето и шесто одд. предводени од 41 наставници. Раководен орган на училиштето е директорот Лепосава Дохчева која е одговорна за законитоста во работењето и материјално-финансиското работење на училиштето. Училиштето го носи името на својот патрон Ацо Шопов.

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)