ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


„"Ѓорѓи Сугарев"“

Место
Општина: Битола
Нас. место: Битола
Адреса: Димитар Влахов 32
Основни информации
Директор: Загорка Јовчевска
Настава на: македонски
Контактни информации

Основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ се наоѓа во Битола.

ОУ Ѓорги Сугарев е отворено на 12 декември 1974 година и спаѓа во новите училишта во градот, понови се само ОУ Елпида Караманди и ОУ Климент Охридски. Се наоѓа во близина на ДТЦ Шехерезада на ул. Димитар Влахов 32, а од центарот на градот е оддалечено само 4 минути. Опремено е со над 35 училници и кабинети, над 60 стручни наставници, педагог, психолог, логопед и е едно од петте училишта во Македонија вклучено во проектот за осовременување на образованието на лица со пречки во развојот кои од 1984 год. се дел од оваа образовна институција. Училиштето има 2 сали: мала која се наоѓа во училишната зграда и служи за одржување на училишните манифестации, и голема спортска сала која ги исполнува сите норми и пружа можности за секакви спортски активности. Наспроти училиштето се наоѓаат поранешните турски бањи, додека недалеку се наоѓа и "Чинаро".

Историјат[уреди | уреди извор]

Објектот е наменски изграден во 1973 година и има вкупно 3.800 м2 наменска површина. До овој објект се наоѓа фискултурната сала и училишниот двор со асфалтирани терени за фудбал, ракомет, кошарка и за други намени.

Училиштето има 25 училници, кабинети по биологија, физика, хемија, ликовно образование, музичко образование,географија-историја, информатика, библиотека, медијатека, сала за свечености, просторија за дневен престој, наставничка канцеларија и административен оддел. Училиштето поседува: компјутери, печатачи, скенер, апарати за копирање, телевизори, видеорекордери, дијапроектори, графоскопи, касетофони, апарати за пластифицирање итн.

Основното училиште Ѓорѓи Сугарев е единственото училиште во градот Битола во кое се школуваат ученици со пречки во психофизичкиот развој.

Стручната служба во училиштето ја сочинуваат педагог, психолог и логопед.

Наставен кадар[уреди | уреди извор]

Во училиштето работат вкупно 56 од кои 16 наставници во одделенска настава, 27 наставници во предметна настава, 4 наставници во подготвителна настава и 9 наставници во паралелките за деца со посебни потреби...

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Во рамките на патрониот празник на училиштето, годишно се организираат фудбалски натпревари меѓу битолските училишта и ОУ Ѓорѓи Сугарев.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

  • Трето место на регионален натпревар по [физика)
  • трето место на државен натпевар по Астрономија
  • второ место на државен натпревар по Применета географија и Астрономија
  • прво место на државен натпревар по Применета географија
  • Трето место на општински натпревар по хемија
  • Учество на натпревари по англиски јазик
  • Успех во спортски натпревари за стрелаштво и џудо

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]