Н-8 (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Н-8 - југословенски филм од 1958 година, во режија на Никола Танхофер. Улогите ги играат: Андре Лусишиќ, Антун Врдољак, Фабијан Шоваговиќ, Борис Бузанчиќ, итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ноќта, на 14 април 1957 година, на автопатот во близината на Загреб се судираат автобус и фабрички камион. Сударот го предизвикува непознат возач кој веднаш ги гаси светлата и бега од местото на настанот. Остатокот од филмот ги следи случките во автобусот и во камионот до случувањето на несреќата. Притоа, се запознаваме со судбината на патниците во автобусот - студентката на клавир Алма Новак, новинарот Борис, неговиот колега и пријател, пропаднатиот глумец Крешо Миљуш и неговата сопруга, возачот Јосип Бараќ, неговиот помошник Јанез Понграц и другите. Истовремено, шоферот Рудолф Кнез пренесува пратка со лим, а со него се синот Владимир и неговиот познаник од затворот Фрањо Росиќ, кој им се приклучува дополнително. Додека патува автобусот, раскажувачот во филмот злокобно ја најавува скорешната несреќа и броевите на седиштата на погинатите патници во автобусот, додека тие постојнао ги менуваат местата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]