Нусрет Дишо Улку

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нусрет Дишо Улку
Nusret Dişo Ülkü
Роден/а23 март 1937 (1937-03-23) (82 г.)
Призрен, Косово
ЗанимањеПисател, поет, истражувач и преведувач.

Нусрет Дишо Улку (турски: Nusret Dişo Ülkü) (роден на 23 март 1937 година во Призрен, Косово) — еден од најпознатите турски писатели на Балканот.


Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Призрен каде што има завршено вишо образование, а до пензионирањето (во 1993 година) наизменично работел како новинар и уредник на списанијата за деца "Севинч" и "Томурџук" при Редакцијата Бирлик во Скопје(1964-77), новинар при приштински „Тан“(1977-81) и како уредник на културната рубрика на весникот Бирлик во Скопје(1981-93). Пишува поезија, проза и хумористични текстови, а голем успех има забележено и во книжевноста за деца со поетските книги: "Деца и дрвја" (1963), "Децки раце" (1969), објавена и во препев на македонски и српски и Собраќајни знаци. Нусрет Дишо Улку е добитник и на познатата преведувачка награда „Златно Перо“ (1990). Неговото прозно дело за деца „Црниот Исмет“ објавена првин како лектирно издание од издавачот „Коза“ од Истанбул (1978), па преиздадено пак како лектира од издавачката куќа „Чоџук Вакф“ од Истанбул(1992) под наслов „Три Мачиња“ во кое Улку во форма на раскази дава хроника на едно сиромашно детство, во ова пригода, во превод на македонски јазик, а во издание на Дишо Промет и Фокус од Скопје, овој исклучително талентиран автор истата проза, со наслов „Кога умеев да бидам дете“ ја дава во романска форма со контрапункт во темата презентирајќи го летописот на едно весело и среќно детство.