Нумерички белег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Нумерички белези се својства на статистичките единици, чии варијации се изразуваат бројчано, било во соодветна единична мерка, било во интензитет или релативен број на белегот.[1][2]

Така, на пример, староста на населението се изразува во години, вредноста на производството во денари (апсолутни големини). Од друга страна, интензитетот на вработеноста го изразуваме во проценти на вработените во однос на вкупното или работоспособното население, интензитетот (степенот) на индустријализацијата како процент на индустриското производство во вкупното производство (релативни големини). Нумеричките белези можат да бидат прекинати (дисконтинуирани) и непрекинати (континуирани).[3][4]

Прекинат нумерички белег[уреди | уреди извор]

Прекинат нумерички белег е белег што може да земе само ограничен број на вредности т.е. варира во ограничен број на модалитети. Прекинатите белези најчесто се изразуваат само со цели броеви. Такви белези се: број на членови во домаќинствата, број на соби во станот, број на продадени автомобили и друго.

Број на членови во домаќинствата Број на анкетирани лица
1 17
2 34
3 126
4 57
5 37
6 12
7 10

Непрекинат нумерички белег[уреди | уреди извор]

Непрекинат нумерички белег е белег што варира, така што може да ги земе сите вредности во ограничениот или неограничениот интервал. Такви белези се: староста на вработените, висината на платите, висината на студентите, обемот на производството, вредноста на извозот и слично.

Број на изработени парчиња Број на работници
10-20 11
20-30 36
30-40 27
40-50 16
50-60 10

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Basic Definitions, Statistical Glossary.
  2. Observational and Experimental Units, Marek Rychlik.
  3. Ристески Славе, Тевдовски Драган - „ Статистика за бизнис и економија“, Скопје, 2010.
  4. д-р Борислав Благоев, д-р Славе Ристески, (1993) „Основи на статистичка анализа“, Економски факултет, Скопје.