Нулопа
Нулопа (самоански: Nuʻulopa) е мал ненаселен остров во Самоа.
Опис[уреди | уреди извор]
Островот не е населен. Нулопа се наоѓа во протокот Аполима, помеѓу малите острови Маноно и Аполима, кои пак се помеѓу поголемите острови Саваи и Уполу. Административно, островчето е дел од округот Аига-и-ле-Таи.
Надморската висина на островот е околу 50 метри. Островчето е со густа шума, кокосови палми. Островот и околната вода се конзервациска (заштитена) област.[1] Традиционално, островчето се користело како гробно место за поглавиците на островот Маноно.
Галерија[уреди | уреди извор]
![]() |
![]() |
![]() |
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Координати: 13°50′33″ S; 172°07′45″ W / 13.8424° ЈГШ; 172.1293° ЗГД