Нуадибу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нуадибу (арапски: نواذيبو; поранешен Порт Етијен; население 90,000) е вториот најголем град во Мавританија и служи како комерцијален центар на земјата.

Нуадибу се наоѓа на полуостров долг 40 милји наречен Рас Нуадибу, Кап Бланк или Кабо Бланко, од кој западната страна е дел на Западна Сахара. Нуадибу е на милја од границата.

Градот е поделен на четири главни области: градскиот центар, вклучувајќи го и аеродромот, Нумероват на север (главната населена област), Кавадо на југ, од каде има пат за Порт Минералиер, каде железната руда ископана во Зуерат се извезува.

Атракции во Нуадибу се Table Remarquable, неколкуте маркети, гробиштата за бродови итн.

Главната економска активност е риболовот.

Надворешни врски[уреди]