Ноќ во Казабланка (филм од 1946)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ноќ во Казабланка (англиски: A Night in Casablanca) - американски филм од 1946 година, во режија на Арчи Мајо (Archie Mayo). Главните улоги ги граат: Гручо Маркс (Groucho Marx), Харпо Маркс (Harpo Marx), Чико Маркс (Chico Marx), Чарлс Дрејк (Charles Drake), Луис Колиер (Lois Collier), Сиг Руман (Sig Ruman) и Лизет Вереа (Lisette Verea).

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во Казабланка, каде последователно умираат неколку директори на еден хотел. Поранешниот француски пилот Пјер (го игра Дрејк) се сомнева дека сето тоа е поврзано со скриеното нацистичко богатство кое за време на војната тој го донел во Казабланка, а кое требало да биде пренесено во Јужна Америка. Но, полицијата не верува во неговата приказна. Во хотелот е сместен нацистот Пферман (го игра Руман), кој сака да стане директор на хотелот, со цел полесно да го изнесе богатството кое е скриено тука. Меѓутоа, еден ден, во хотелот се појавува Корнблоу (го игра Гручо Маркс), кој се претставува како новиот директор. Љубовницата на Пферман, убавата Беатрис (ја игра Вереа) се обидува да го заведе Корнблоу, со намера да биде убиен, меѓутоа нему му помагаат Расти (го игра Харпо Маркс) и Корбачио (го игра Чико Маркс). Меѓутоа, по наговор на Пферман, тие се уапсени и затворени, заедно со Пјер и со неговата свршеница (ја игра Колиер). Сепак, тие успеваат да се ослободат и влегуваат во авионот со кој нацистите сакаат да го пренесат богатството. Авионот се урива во градот, а полицијата ги апси Пферман и неговиот помошник.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]