Ноќта на професорот Андерсен (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ноќта на професорот Андерсен (норвешки: Profesor Andwersen natt) е роман на норвешкиот писател Даг Солстад од 1996 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Пол Андерсен, професор по книжевност, човек во педесеттите години од животот го чека Божиќ сам во својот стан во Осло. За време на бадниковата вечера, тој ги набљудува соседните згради и забележува како еден млад човек ја дави девојката во еден стан. Иако е свесен дека штотуку станал сведок на убиство, тој не може да го пријави убиството во полицијата, сметајќи дека тоа е веќе завршена работа којашто не може да се поправи. Утредента, вознемирен, тој шета низ градот, борејќи се со искушението да појде во полицијата. По два дена, професорот оди на вечера кај својот пријател од младоста, лекарот Бернт Халворсен во чиј стан се собрани неколку интелектуалци, кои професорот ги познава од студентските денови во 1960-тите, кога сите му припаѓале на револуционерното, левичарско движење. Во тоа време, Пол Андерсен бил запишан на постдипломски студии по филологија и бил обземен со авангардната уметност, иако му било тешко да ја разбере. Подоцна, сите од присутните оствариле успешни кариери, но делумно ги задржале своите радикални погледи на светот. Пред одењето кај Бернт, професорот планира да му раскаже за убиството, но таму тој се откажува од намерата. Кога се враќа дома, тој повторно погледнува кон станот во којшто е извршено убиството и таму го здогледува убиецот. Утредента, тој патува за Трондхејм каде се среќава со еден свој колега. Иако друштвото со него му е пријатно, професорот наеднаш се враќа дома, плашејќи се од можноста убиецот да си заминал. Тој повторно се смирува гледајќи дека убиецот сè уште е во станот и во следните денови продолжува да го набљудува. Така, повторно во него се раѓа немирот, помешан со незадоволството од она што го постигнал во кариерата.

За време на новогодишната ноќ, враќајќи се од прошетката низ градот, професорот одблизу го здогледува убиецот, а кон крајот на февруари случајно го среќава во еден јапонски ресторан и двајцата разговараат меѓу себе. По вечерата, професорот го поканува убиецот дома, каде што повторно имаат кус разговор, во кој се уриваат неговите претпоставки дека убиецот ја задавил својата сопруга. Поразен од тоа сознание, професорот се прашува за идентитетот на жртвата и повторно се преиспитува дали постапил исправно, кога не го пријавил убиството. Совладан од внатрешниот немир, тој се разболува. По една недела, убиецот го посетува професорот Андерсен, канејќи го на трка на коњи, но професорот ја одбива поканата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dag Sulstad, Noć profesora Andersena. Beograd: Plato, 2002.