Прејди на содржината

Ноќта на крадците

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ноќта на крадците – расказ на австралискиот писател Патрик Вајт.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во куќата на Хамфри и Дорис Банистер се случила несреќа: минатата ноќ, некој крадец ја силувал нивната ќерка Фелисити. Полицијата извршила увид на местото, но таа го одбила лекарскиот преглед. Утредента, Фелисити му пишува писмо на својот свршеник, дипломатот Џон Галбрајт, дека ја раскинува свршувачката. По некое време, тој се среќава со Фелисити и таа повторно му соопштува дека ја раскинува свршувачката чувствувајќи дека нејзината љубов кон него не е вистинска. По настанот, Фелисити ја менува работата, почнува да се облекува поинаку и го менува своето однесување. Една ноќ, таа влегува во куќата на Харви Макин и внатре уништува сè. Додека седи во куќата, таа се сеќава на случката во нејзиниот дом: во нејзината соба влегол крадец кого таа го совладала, потоа го натерала да пие ракија и да пуши и му дозволила да си замине, а потоа на родителите им кажала дека била силувана. Во следните ноќи, Фелисити продолжува да влегува во туѓите домови и да ги уништува, а често оди и во паркот, каде се дружи со пијаниците. Еднаш, по еден таков престој во паркот, таа влегува во една напуштена куќа во која среќава гол старец. Таа почнува да го сожалува, соочувајќи се со својата осаменост, и му нуди помош, но тој умира.[1]

Осврт кон расказот[уреди | уреди извор]

И во овој расказ, Вајт ни ги претставува неговите абнормални, ексцентрични аспекти на човечката природа. Така, мирната ќерка на угледни родители ненадејно почнува да се менува по таинтсвената посета на еден крадец. Во борбата со самата себеси таа се труди да ги уништи општествените предрасуди кои ја оковале во нејзината нестварна претстава за себеси. Притоа, нејзината внатрешна борба се претвора во физичко уништување на симболите на граѓанската благосостојба и на поимите на дборото и злото.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Patrik Vajt, Noć lupeža. Beograd: Rad, 1977, стр. 5-52.
  2. Marija Herman-Sekulić, „Pakao predgrađa“, во: Patrik Vajt, Noć lupeža. Beograd: Rad, 1977, стр. 106.