Прејди на содржината

Ноќна апнеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ноќна апнеја
Опструктивна ноќна апнеја
СпецијалностOториноларингологија

Ноќна апнеја — нарушување на спиењето, при кое се јавуваат паузи во дишењето или периоди на плитко дишење за време на спиењето. Секоја пауза може да трае од неколку секунди до некулку минути и тие се случуваат многупати во текот на ноќта. Бидејќи се нарушува нормалниот сон, лицата може да чувствуваат поспаност и замор во текот на денот.

Ноќната апнеја може да биде опструктивна, централна, или комбинација од двете. Најчеста форма е опструктивната. Ризик-факторите за опструктивна ноќна апнеја вклучуваат прекумерна тежина, семејна историја, алергии. Некои луѓе со ноќна апнеја не се свесни дека ја имаат оваа состојба. Во голем број од случаите најпрво е забележана од член на семејството.

Третманот на опструктивна ноќнаапнеја се разликува од оној кај централна ноќна апнеја. Третманот вообичаено започнува со бихевиорална терапија. Се препорачува избегнување на алкохол и седативи, кои може да доведат до релаксација на мускулатурата на грлото, и да доведат до колапс на дишните патишта за време на спиењето.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори