Ноќите на боровница

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Ноќи со боја на боровница“ (англиски: My Blueberry Nights) — хонгконшко-кинеско-француско-американски филм од 2007 година, во режија на Кар-вај Вонг, кој е автор и на сценариото заедно со Лоренс Блок. Главните улоги ги играат: Нора Џонс, Џад Ло, Дејвид Стратерн, Натали Портман и Рејчел Вајс. На Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за главната награда „Златна палма“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Откако ја остава момчето со кое била заедно пет години, Елизабет бара утеха во слатките во блиското бифе. Таа решава да патува низ САД, а патем се задржува на неколку места каде работи како келнерка. За време на своето патување, таа среќава бројни интересни личности, како: полицаец-алкохоличар, неговата неверна жена, коцкар кој има долгови итн...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]